Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Май
2023

Новости за 13.05.2023

Ердоган ја обвини опозицијата за соработка со Џо Бајден

SlobodnaEvropa.mk 

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во денеска, 13 мај, го одржа својот последен предизборен митинг во Истанбул и ја обвини опозицијата дека соработува со американскиот претседател Џо Бајден за негово соборување. Анкетите покажуваат дека Ердоган заостанува зад главниот опозициски кандидат Кемал Киличдароглу еден ден пред еден од најнеизвесните избори во модерната историја на Турција. Изборите за претседател на Турција ќе се одржат утре, а доколку ниту еден од нив не освои повеќе од 50 отсто од гласовите, на 28 мај ќе се одржи втор круг. Читать дальше...

Спасовски: До сега не пронајдовме сериозност во ученичките закани

SlobodnaEvropa.mk 

Пријавите и заканите од страна на ученици во нашите училишта се рефлексија на случувањата во нашето соседство. Станува збор за едно детско невнимателно однесување кое сепак предизвикува реакции, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Минатата недела во Србија се случија две масовни убиства со 17 жртви и повеќемина повредени.  Спасовски коментирајќи ги заканувачките пораки на ученици во нашите училишта рече дека за секој еден случај се постапува. Информира дека засега не пронашле сериозност во пораките... Читать дальше...

Ескобар: Не бараме опозицијата да го поддржи Ковачевски туку европскиот пат на С. Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Ние не бараме од опозицијата да го поддржи премиерот Димитар Ковачевски. Бараме од опозицијата да го поддржи евроатлантскиот пат на Северна Македонија, изјави заменик-помошникот државен секретар на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, во интервју за Гласот на Америка (ВОА). „Ние не бараме од опозицијата да го поддржи премиерот. Бараме од опозицијата да го поддржи евроатлантскиот пат на Северна Македонија. Ова е најдобриот договор што го добивме. Тој е разумен, мислам засега, и треба да продолжиме напред што е можно побрзо. Читать дальше...

„Достоинство“ може да излезе од Владата, бара измени на законот за бранителите

SlobodnaEvropa.mk 

„Достоинство“, чиј лидер е директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, најави излегување од владината коалиција, откако Владата ги одбила измените на Законот за бранители. „Крајно сме разочарани и револтирани од пратениците на СДСМ кои пред неколку дена гласаа против предлог законот за дополнување на законот за Бранители. СДСМ има можност да ја исправи оваа голема неправда која ја нанесе на македонските Бранители од 2001-та преку носење на владина одлука. Затоа, на денешната... Читать дальше...

Дојави за бомби на црногорските аеродроми, сообраќајот не е прекинат

SlobodnaEvropa.mk 

„Аеродроми на Црна Гора“, на 13 мај, соопштија дека нешто по 9 часот добиле одредени закани по телефон, поради што се зголемени безбедносните проверки на аеродромите во Подгорица и Тиват, пренесува агенцијата Бета. Сообраќајот не беше во прекин, соопштија од компанијата, а од подгоричкиот аеродром соопштија дека во Подгорица бил вратен еден авион на дополнителна контрола. По детална проверка, авионот на „Аустриан ерлајнс“ полетал од аеродромот во Подгорица во 10.52 часот. Инаку, летот беше планиран за утрово во 07:00 часот. Читать дальше...

Турција пред пресвртница или по старо

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателските и парламентарните избори, закажани за 14 мај со евентуален втор круг на 28 мај, ќе одлучат не само кој ќе ја води Турција, туку и како ќе се управува со неа, каде ќе се движи нејзината економија и надворешна политика.

Времето денеска - Потопло, со можен попладневен пороен дожд

SlobodnaEvropa.mk 

Времето денеска ќе биде сончево и потопло со умерена облачност која попладне ќе се зголемува и локално ќе има услови за појава на пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој на места долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Читать дальше...





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *