Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Май
2023

Новости за 27.05.2023

Десетици илјади граѓани во Белград на четвртиот протест против насилството

SlobodnaEvropa.mk 

Десетици илјади граѓани се собраа во центарот на Белград на 27 мај на четвртиот протест под слоганот „Србија против насилството“, на покана на опозицијата. Демонстрантите го критикуваат одговорот на властите по двете масовни убиства од почетокот на мај во Србија, во кои беа убиени 18 лица

На протестот „против насилството“во Белград, демонстрантите го опколија РТС

SlobodnaEvropa.mk 

Десетици илјади граѓани го опколија јавниот сервис на Радио и телевизија на Србија (РТС) во центарот на Белград, на нов протест под слоганот „Србија против насилството“. Според новинарите од терен, на протестот се слушаат повици за оставки од функционери. На протестот повика дел од опозицијата, критикувајќи ја реакцијата на власта по двете масовни убиства што се случија на почетокот на мај во Србија, во кои беа убиени 18 лица. Поради големиот број насобрани луѓе, поместена е заштитната ограда околу зградата на Собранието... Читать дальше...

Мицкоски прифаќа средба со Ковачевски, но бара и разговори за „што по неуспехот на уставните измени“ 

SlobodnaEvropa.mk 

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека претседателот на партијата Христијан Мицкоски е подготвен да разговара со премиерот Ковачевски кога станува збор за националните и државни интерси, но тој бара да разговараат и за тоа што ќе се прави во периодот по неуспехот на уставните измени.  „Доколку постои желба за национално единство и слушање на гласот на мнозинството, прифаќаме лидерска средба на која треба меѓудругото да се види што ќе се прави во периодот по неуспехот на тие уставните измени... Читать дальше...

Претседателот Пендаровски ќе ги разгледува законите за коридорите 8 и 10д

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на државата Стево Пендаровски со својот правен тим ќе ги разгледа измените на законите поврзани со коридорите 8 и 10д донесени вчера од Собранието, соопшти на 27 мај Кабинетот на претседателот.  Од Кабинетот на претседателот наведуваат дека станува збор за повеќе закони и дека за разгледувањето ќе бидат потребни неколку дена.  „Дури потоа претседателот Пендаровски ќе излезе со став и ќе каже дали и кои укази ќе бидат потпишани“, велат од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски. Читать дальше...

Партијата на косовските Срби бара прекин на дијалогот Косово-Србија

SlobodnaEvropa.mk 

Најголемата партија на косовските Срби „Српската листа“ побара припадниците на косовската полиција да се повлечат од општинските згради, со оценка дека новите албански градоначалници се „нелегални и нелегитимни“. Претседателот на оваа партија Горан Ракиќ побара од официјален Белград да го прекине дијалогот со Приштина за нормализација на односите додека не се исполнат нивните барања. „Бараме од претседателот (Србија Александар Вучиќ) и од Владата на (Србија) да го прекинат, односно суспендираат... Читать дальше...

Српскиот министер за одбрана Вучевиќ избран за претседател на владејачката СНС

SlobodnaEvropa.mk 

Милош Вучевиќ, министер за одбрана на Србија и висок функционер на владејачката Српска напредна странка (СНС), беше избран за претседател на партијата на 27 мај. Претходно на партискиот состанок оставка од партиската функција поднесе и Александар Вучиќ, претседателот на Србија и поранешен лидер на СНС. Интересите на Србија се над која било страна“, изјави Милош Вучевиќ во изјавата за медиумите. Претседателот на Србија и лидер на владејачката Српска напредна странка (СНС), Александар Вучиќ... Читать дальше...

Вучиќ поднесе оставка од лидерската позиција во владејачката партија

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Србија и лидер на владејачката Српска напредна странка (СНС), Александар Вучиќ, денеска поднесе оставка од својата партиска функција. На партискиот состанок во Крагуевац, Вучиќ за таа функција го предложи Милош Вучевиќ, министер за одбрана на Србија, кој е и висок функционер на СНС. Се очекува истиот ден на продолжението на седницата СНС да го потврди изборот на Вучевиќ. „Милош е човек посветен на СНС и на идејата за независна и просперитетна Србија“, рече Вучиќ за време на својот говор. Читать дальше...

Владата од понеделник ќе ја разгледува иницијативата за уставните измени

SlobodnaEvropa.mk 

Владата од понеделник ќе ја разгледува Предлог - иницијативата за уставни измени изработена од страна на Работната група, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, откако вчера ова тело ја усвои Предлог иницијативата и ја достави до Владата.   Ковачевски исто така рече дека во наредните дестина дена ќе го покани на средба лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на која би разговарале за носење на одуки за интеграцијата на Северна Македонија и за усогласување на ставовите за односите со соседните земји. Читать дальше...



Српските вооружените сили остануваат на највисоко ниво на борбена готовност

SlobodnaEvropa.mk 

Вооружените сили на Република Србија остануваат на највисоко ниво на борбена готовност до понатамошно известување, беше денеска на 27 мај, по состанокот на Советот за национална безбедност во Белград, поради наводната брутална употреба на сила од страна на Аљбин Курти и неговите сили против српскиот народ на Косово. Во соопштението се наведува и дека на средбата биле договорени сите неопходни „безбедносни активности насочени кон зајакнување на одбранбените капацитети на Република Србија“. Во... Читать дальше...

Започна војна на кланови за тронот на Путин, вели руски истражувачки новинар

SlobodnaEvropa.mk 

Верувам дека кланската војна за престолот на Путин започна, но тоа не значи дека ќе го урнат, вели во интервју за РСЕ Роман Анин - руски истражувачки новинар кој работел за Новаја Газета и бил меѓу основачите на независното издание „iStories“ во 2020 година.

НАТО го повика Косово итно да ја деескалира ситуацијата на северот

SlobodnaEvropa.mk 

Воената алијанса на НАТО ги повика косовските институции веднаш да ја деескалираат ситуацијата на северот на земјата, еден ден по судирот меѓу косовската полиција и локалните српски групи. „Ги повикуваме институциите во Косово веднаш да ја деескалираат ситуацијата и ги повикуваме сите страни да ја решат ситуацијата преку дијалог. Мисијата на НАТО, КФОР, продолжува да биде будна и да обезбедува безбедна средина“, напиша на Твитер портпаролката на НАТО, Оана Лунгеску. Во петокот на 26 мај дојде... Читать дальше...

Мирно на северот на Косово, нема задржувања на премините Јариње и Брњак

SlobodnaEvropa.mk 

На северот на Косово во моментов е мирно, а полицијата со возила ги блокира приодите кон зградите на општините Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ, пишува агенцијата Бета. На административните премини Јариње и Брњак во сабота на 27 мај нема застои, гужви и застои, а патничкиот и товарниот сообраќај се одвива без проблеми. Гужва имаше синоќа поради граѓаните на Косово кои се враќаа од Белград од митингот на владејачка Српска напредна странка. Вообичаена процедура се одвива и за товарниот сообраќај... Читать дальше...

Во Белград седница на Советот за национална безбедност за Косово

SlobodnaEvropa.mk 

Во Белград започна седницата на Советот за национална безбедност, на која присуствува и претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Седницата на која се состануваат сите претставници на безбедносните институции во Србија се одржува ден по конфликтот меѓу косовската полиција и локалното население во општините со мнозинско српско население на северот на Косово. Полицијата им помогна на новите албански градоначалници на Звечан, Лепосавиќ и Зубина Поток да влезат во нивните канцеларии, на што се спротивставија групи локални Срби. Читать дальше...

Претпладне сончево, попладне пороен дожд

SlobodnaEvropa.mk 

Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а од пладневните часови нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места ќе има поинтензивна нестабилност во форма на невреме со изолирана појава на град, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени. Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд... Читать дальше...

Илјадници луѓе на митинг во Белград за поддршка на Вучиќ

SlobodnaEvropa.mk 

Илјадници луѓе од Србија и од соседните земји се собраа во Белград на 26 мај за да го поддржат српскиот претседател Александар Вучиќ и неговата владејачка Српска напредна странка. Митингот следува по масовните протести на кои властите беа критикувани за нивниот лош одговор на двете масовни убиства во Србија во кои загинаа 18 лица.





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *