Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Май
2023

Новости за 04.05.2023

Уапсен млад човек во Бихаќ, се заканувал дека ќе изврши криминал во средно училиште

SlobodnaEvropa.mk 

Mлад човек од Бихаќ е уапсен, бидејќи на социјалните мрежи објавил порака за тоа како се подготвува да изврши криминал во средно училиште во тој град, потврдија денеска за Радио Слободна Европа (РСЕ) од Федералната управа на полицијата (ФУП). Како што беше кажано, младиот човек ќе биде задржан во притвор 24 часа, по што ќе биде префрлен во Обвинителството на Унско-санскиот кантон. Младиот човек претходно бил приведен во полиција на Бихаќ, откако против него биле пристигнати повеќе пријави од граѓани. Читать дальше...

Сашко Георгиев избран за нов претседател на Судскиот совет

SlobodnaEvropa.mk 

Судијата Сашко Георгиев е избран за нов претседател на Судскиот совет на итна седница која се одржа попладнево. Осум членови на телото гласаа „за“ изборот на Георгиев, а четири беа „против".  Седницата ја водеше заменик претседателот на Судскиот совет, Селим Адеми, кој пред гласањето рече дека претседателот се избира со осум гласа од членовите со право на глас. На седницата не присуствуваше претходната претседателка на советот Весна Дамева, која беше разрешена минатиот месец во постапка која судската фела ја оцени како незаконска. Читать дальше...

Владата на Србија предложи мораториум за издавање дозволи за оружје

SlobodnaEvropa.mk 

Владата на Србија предложи двегодишен мораториум за издавање дозволи за чување и носење кратко огнено оружје. Во рок од три месеци мора да заврши ревизијата на сите издадени дозволи за поседување оружје, порача Владата. Одлуките на Владата следат еден ден по масовното пукање во основното училиште „Руѓер Бошковиќ“ во центарот на Белград, каде 13-годишник уби девет и рани седум ученици и вработени. Убиени се осум ученици и еден чувар, а ранети се шест ученици и професори. Потврдено е дека 13-годишникот... Читать дальше...

„Разговарајте со децата“ е пораката пред училиштето во Белград

SlobodnaEvropa.mk 

„Разговарајте со децата“, е една од пораките оставена пред училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград. Голем број граѓани, претежно млади луѓе, во текот на денот се собираат пред училиштето каде им оддаваат почит на убиените ученици и обезбедувањето. Освен свеќи и цвеќиња, насобраните испраќаат и пораки за збогум на жртвите. Засекогаш во нашите срца“, пишува на фудбалска топка оставена пред училиштето. „Благодарам на нашиот Драган што секогаш беше тука за нас“, беше пораката до обезбедувачот... Читать дальше...

Стано: Косово го крши договорот со одлуката да го распушти Менаџерскиот тим

SlobodnaEvropa.mk 

Портпаролот на Европската унија Петер Стано оцени дека одлуката на Владата на Косово за распуштање на Менаџерската група е спротивна на договорите во дијалогот и дека го прекршила договорот. „Во договорите од дијалогот јасно стои дека менаџерскиот тим треба да постои до усвојување на статутот на Заедницата (општини со српско мнозинство). Во вторник (2 мај) менаџерскиот тим го предложи и го достави првиот нацрт, а со тоа тие го започна процесот. И процесот не беше завршен. Затоа, одлуката за распуштање... Читать дальше...

Блинкен изрази сочувство за трагедијата во белградското основно училиште

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изрази сочувство до семејствата на жртвите во трагедијата во основното училиште во Белград. „Ние сме со народот на Србија во нашите мисли“, објави Блинкен на Твитер доцна синоќа, 3 мај. „Ние им се придружуваме на другите ширум светот во изразувањето на нашето најдлабоко сочувство на семејствата и најблиските на невините жртви на бесмислено насилство“, додаде Блинкен. Бројни регионални, европски и други странски претставници го изразија својот шок... Читать дальше...

Србија жали за жртвите од нападот во училиштето

SlobodnaEvropa.mk 

Еден ден по пукањето во белградското училиште, луѓето носат цвеќе за настраданите во центарот на Белград, пред школото кое ден претходно беше место на нападoт. Тринаесетгодишен ученик на 3 мај пукаше и уби осум деца и еден чувар, а рани шест ученици и еден наставник.

Онлајн зависност - „Подобро да останам без паричник, отколку без батерија“

SlobodnaEvropa.mk 

Многу млади спијат со телефонот до глава за случајно да не пропуштат нешто и да бидат 'аут' наместо 'ин'. Иако живееме во дигитално време, не треба да дозволиме мобилниот телефон да го диктира начинот на живот, вели психологот Софија Георгиевска.

Ден по нападот - Цвеќе за жртвите пред белградското училиште

SlobodnaEvropa.mk 

Луѓето носат цвеќе за настраданите пред основното училиште „Владимир Рибникар“ во центарот на Белград на 4 мај. Оваа образовна институција ден претходно беше место на напад. Тринаесетгодишен ученик пукал и убил осум деца и еден чувар, а ранил шест ученици и еден наставник.

Српското МВР најави контрола на оружјето

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за внатрешни работи на Србија најави опсежни проверки на сите сопственици на оружје, еден ден откако 13-годишник со оружје од татко му застрела осум ученици и чувар во училиштет во Белград. Во соопштението на 4 мај, Министерството за внатрешни работи најави увид, „со цел да се утврди дали оружјето се чува согласно важечките прописи, одвоено од муниција и затворено во соодветни ормари, кабинети и сефови“. „Ако при контролата на сопствениците на оружје се  констатира дека оружјето... Читать дальше...

Маврово – Како државна шума станува приватно градилиште

SlobodnaEvropa.mk 

Околу 900 парцели со вкупна површина од над два милиони метри квадратни со одлука на поранешната Влада на премиерот Никола Груевски е дозволено од ниви, ливади и пасишта да станат градежни парцели во Маврово. Одлуката со потпис на Груевски пред речиси десет години го отвори патот за „раст на бетонската џунгла“ со големина 280 фудбалски игралишта во мавровскиот крај. Тоа е дозвола да се изгради нешто што има големина од половина скопска општина Чаир во планински предел. Оваа одлука е во сила од... Читать дальше...

Одбележување 120 години од смртта на Гоце Делчев

SlobodnaEvropa.mk 

Владини делегации денеска положуваат цвеќе во црквата Св. Спас“ во Скопје, на одбележувањето 120 годишнина од смртта на македонскиот револуционоер Гоце Делчев. Нема најавено официјална делегација од Софија, како што беше чествувањето на 4-ти февруари, на денот на раѓањето на Делчев. Во црквата „Св. Спас“ денеска пристигнаа претседателот на државата Стево Пендаровски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Собраниската делегација ја предводеше потпретседателот на Собранието Горан Мисовски. Читать дальше...





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *