Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Август
2023

Новости за 05.08.2023

Океаните соборуваат температурни рекорди

SlobodnaEvropa.mk 

Светските океани достигнаа рекордно високи температури оваа недела, предизвикувајќи загриженост за климата на планетата, морскиот свет и крајбрежните заедници. Температурата на површината на океанот во петокот се искачи на 20,96 степени Целзиусови, покажуваат податоците на климатската опсерваторија на Европската унија. „Последниот рекорд од 20,95 степени е забележан во март 2016 година“, изјави портпаролката на агенцијата на ЕУ за климатски промени Коперник. Меѓу тестираните примероци нема ниту еден од поларните региони... Читать дальше...

Невреме со град го погоди Белград

SlobodnaEvropa.mk 

Невреме со град го зафати Белград на 5 август, а на централните улици во градот се појавија струи од вода. Невремето со град беше проследено со силен ветер и дожд, како и со значителен пад на температурата. Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) претходно соопшти дека времето во Србија ќе биде многу нестабилно со врнежи од дожд, обилни врнежи, грмежи и понекаде град, особено во попладневните и вечерните часови. Како што наведоа, очекуваат врнежи од 20 до 40 милиметри, локално и до 70 милиметри... Читать дальше...

Пожари кај Демирхисар и Дојран

SlobodnaEvropa.mk 

Се шири силниот пожар што попладнево ја зафати околината на Дојран и тој е дојден пред селото Николиќ, а секој момент се очекува поддршка за гаснење од хеликоптер на МВР со ведро од три тони. Според градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, пожарот бргу се шири и упатено е барање од нивна страна за подршка за гаснење од возух. „Очекуваме секој момент да дојде поддршката од хеликоптер, а пожарот се шири со голема брзина. Пожарот го гаснат пожарникари од Дојран, Валандово, Гевгелија и екипи на ЈП „Национални шуми“... Читать дальше...

Воената хунта во Нигер бара помош од Вагнер, назначен нов воен командант

SlobodnaEvropa.mk 

Воената хунта која го собори демократски избраниот претседател во Нигер побара помош од руската платеничка група Вагнер доколку се соочи со воена интервенција од западноафриканскиот регионален блок. „Водачот на Хунтата, Салиф Моди, ја посети соседната земја Мали, каде што оствари контакт со некој од Вагнер“, изјави за Асошиејтед прес Васим Наср, новинар и постар соработник во центарот „Суфан“. Тој рече дека три извори од Мали и француски дипломат потврдиле дека средбата се одржала. „Им треба... Читать дальше...

Грција се подготвува за невреме, предупредување за три региони

SlobodnaEvropa.mk 

Порака од бројот 112 за итни случаи со предупредување за силно невреме, претпладнево добија сите оние кои се наоѓаат во грчките области Епир, Етолоакарнаниа и Јонските острови, поради невремето „Петар“ што денеска се очекува да го зафати западниот и северниот дел на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.  Поради невремето што ќе донесе обилни врнежи на дожд, висока фреквенција на молњи и град, министерот за климатски кризи и цивилна заштита на Грција Василис Кикиљас синоќа свика вонреден состанок... Читать дальше...

Езерото Балатон-ново игралиште за богатите

SlobodnaEvropa.mk 

Во најпрометниот летен ден на Балатон, најголемото езеро во Централна и Источна Европа, околу 500 бродови со илјадници членови на екипажот се капеа под жешкото сонце, додека стотици луѓе гледаа од брегот. Регатата „Сина лента“, која се одржува секоја година во јули за време на полна месечина, е најголемиот настан за едрење во Унгарија. Потоа орди туристи и морнари се тркаат околу езерото долго 79 километри. Оваа година не е поинаква. Толпата се собра во Балатонфуред, град на северниот брег на езерото Балатон познат по своите бањи... Читать дальше...

Судот во Тексас одлучи дека забраната за абортус е премногу рестриктивна

SlobodnaEvropa.mk 

Судија од Тексас на 4 август пресуди дека забраната за абортус во државата е премногу рестриктивна за жените со посериозни компликации од бременоста и дека мора да се дозволат исклучоци без лекарите да се плашат од заканата од кривични пријави. Пресудата е прва што го оспорува законот во Тексас откако стапи на сила во 2022 година и е голема победа за поддржувачите на правата на абортусот, кои го гледаат случајот како потенцијален план за олабавување на ограничувањата за абортусот во другите држави предводени од републиканците. Читать дальше...

Еден мртов и неколкумина повредени во престрелка во Приштина

SlobodnaEvropa.mk 

Едно лице загинало, а четворица биле повредени во престрелка во центарот на Приштина во петокот, 4 август, нешто пред полноќ, соопшти косовската полиција. Полицијата соопшти дека при инцидентот уште 17 лица биле повредени од скршени чаши и стаклени шишиња, по тепачка меѓу неколку мажи во кафеана во доцните часови на 4 август. „Постои сомневање дека по расправија во кафеана, меѓу осомничените мажи, употребено е и огнено оружје“, се наведува во соопштението од косовската полиција. Според полицијата... Читать дальше...



Поранешниот пакистански премиер Кан осуден на три години затвор и уапсен

SlobodnaEvropa.mk 

Соборениот пакистански премиер Имран Кан е осуден на три години затвор за нелегална продажба на државни подароци. Тој е веднаш уапсен во Лахоре. Правните експерти велат дека пресудата за вина во случајот може да стави крај на неговите шанси за учество на националните избори кои мора да се одржат пред почетокот на ноември, пренесува Ројтерс. Политичката партија на Кан, Пакистан Техрик-е-Инсаф (ПТИ) соопшти дека веќе поднеле жалба до Врховниот суд на земјата против пресудата на Окружниот суд. ... Читать дальше...

Западноафриканските лидери подготвија план за воена интервенција во Нигер

SlobodnaEvropa.mk 

Министрите за одбрана на западноафрикански земји подготвија план за можна воена интервенција во Нигер за да се спротивстават на пучот. Одлуката ќе ја донесат шефовите на државите на Економската заедница на западноафриканските држави(ЕКОВАС), изјави Абдел-Фату Муса, комесар за политички прашања, мир и безбедност на ЕКОВАС. „Одработени се аспектите на евентуалната интервенција, вклучително и потребните ресурси, како и датумот и начинот на распоредување на силите“, рече тој на крајот од тридневниот состанок во главниот град на Нигерија, Абуџа.

Во Словенија се очекува ново излевање на реки, црвен аларм во делови од Хрватска

SlobodnaEvropa.mk 

Состојбата со поплавите во Словенија не е подобрена. Многу реки во централна, северна и источна Словенија се уште се поплавуваат, јавија локалните медиуми. Реката Сава се поплавува во поголеми размери, во долниот тек во наредните часови ќе го достигне својот најголем проток. Во текот на ноќта евидентирани се бројни интервенции низ државата, дежурни екипи и надлежни служби се на терен и продолжуваат со отстранување на настанатите последици и помагање на населението, јавија словенечките медиуми.... Читать дальше...

Претпладне сончево, попладне дожд и грмежи

SlobodnaEvropa.mk 

Времето денеска претпладне ќе биде сончево и топло со умерен до засилен ветер од јужен правец. Попладне и во ноќните часови почнувајќи од запад облачноста ќе се зголемува и ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен дожд за кратко време, силен ветер, поинтензивни електрични празнења и услови за појава на град. Како што информираат од УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. УВ индексот ќе биде 8. Читать дальше...





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *