Пожари во Тетово, кај Тиквешко езеро и кај Росоман
Пожар избувна на штандовите за продажба на книги пред тетовскиот Центар за култура околу 17 часот. Граѓани, вработени во околните кафулиња и други дуќани први се обидоа да го изгаснат огнот употребувајќи кофи со вода и ПП апарати, јави МИА. „Не знам што се случило, ми се јавија само дека има пожар. Штетата е над 10 илјади евра. Изгореа неколку штандови, неколку кутии со книги успеавме да спасиме. Штандовите беа под кирија земени, нив ќе треба ги платиме, штетата ќе биде над 20 илјади евра“, изјавиле за МИА од една од книжарниците. Читать дальше...