Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Август
2023

Новости за 12.08.2023

Кабинет на Ковачевски: За осуда е неинтонирањето на македонската химна и истакнување недржавни знамиња

SlobodnaEvropa.mk 

Кабинетот на премиерот Димитар Ковачевски попладнево објави соопштение по повод реакциите во јавноста за посетата на косовскиот премиер Албин Курти на општините Тетово и Чаир. „Кабинетот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Ви посочува дека пред сѐ, оваа посета на премиерот на Косово, Албин Курти е приватна посета, и за деталите од поканата, протоколот и организација на посочениот настан Ве молиме да се обратите кај организаторот“, се вели во соопштението од Владата по повод... Читать дальше...

Харадинај до Албанците во С. Македонија: Не му верувајте на Курти

SlobodnaEvropa.mk 

Поранешниот косовски премиер, лидерот на опозициската Алијанса за иднината на Косово (ААК), Рамуш Харадинај им порача на Албанците во Северна Македонија да не му веруваат на актуелниот косовски премиер, Албин Курти, кој вчера, за време на престојот во Севрна Македонија, вети дека ќе започне со изградба на патот од Призрен во Косово до Тетово во Северна Македонија, јави МИА од Приштина. Курти, кој вчера престојуваше во скопската општина Чаир на церемонијата на именувањето на една улица со името на косовскиот деец и активист за човекови права... Читать дальше...

Хоџа ја основаше новата Европска демократска партија

SlobodnaEvropa.mk 

Од денеска на македонската политичка сцена работи уште една политичка партија -  Европска демократска партија (ЕДП). На денешното основачкото собрание на овој нов политички субјект, како единствен кандидат за претседател беше избран Арјанит Хоџа, поранешен потпретседател на Беса. За него, како што рече во обраќањето, ЕДП ќе биде вредност плус на политичката сцена, а партискиот фокус ќе биде на интеграцијата на земјава во Европската унија (ЕУ). „Првиот предизвик што не очекува е токму предизвикот... Читать дальше...

Протест во Градачац по трикратното убиство

SlobodnaEvropa.mk 

Тридневна жалост започна во саботата во Градачац, откако Нермин Сулејмановиќ еден ден претходно изврши тројно убиство и три повреди во овој град на северот на Босна и Херцеговина. На 11 август Сулејмановиќ ја убил сопругата која неколку дена претходно го пријавила во полиција за насилство. Убиството го пренесуваше во живо на својот Инстаграм профил, кој подоцна беше отстранет. При полициската акција насилникот се самоубил. Ден по убиствата, граѓаните се собраа на главниот плоштад во Градачац... Читать дальше...

Знаме на „Голема Албанија“ на концертот за Курти во Тетово

SlobodnaEvropa.mk 

Знаме со карта на т.н. „Голема Албанија“, која опфаќа делови од Македонија, Црна Гора, Србија и Грција, се вееше во публиката на вчерашниот концерт, кој Општина Тетово го организираше по повод пречекот на косовскиот премиер Албин Курти, објави МИА. Медиумската информативна агенциа (МИА) објави и фотографија од концертот, на која се гледа знамето со картата на Голема Албанија. Таа фотографија е поставена на официјалниот профил на градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, на Фејсбук. Пред концертот... Читать дальше...

Казахстан ќе отвора амбасада во Скопје

SlobodnaEvropa.mk 

Казахстан  до крајот на 2023 година ќе ја отвори најавената Амбасада во Скопје, соопшти денеска, 12 август, македонското Министерство за надворешни работи (МНР).   „Ова беше потврдено на разговорите што Министерот за надворешни работи, Бујар Осмни, ги имаше со претседателот на Казахстан, Касум-Јомарт Токајев и министерот за надворешни работи, Мурат Нуртлеу, во Астана. Оваа одлука на казахстанската Влада покажува дека Казахстан ја смета Северна Македонија како партнер од доверба во овој дел од Европа... Читать дальше...

Руско министерство забарани употреба на ајфон и ајпед

SlobodnaEvropa.mk 

Руското Министерство за дигитален развој им забрани на вработените да користат iPhone и iPad уреди на Apple за деловни цели, објави во петокот новинската агенција Интерфакс, цитирајќи го министерот Максут Шадаев, објави Ројтерс. „Воведена е забрана за користење на мобилни уреди (Епл) – паметни телефони и таблети – за пристап до работни апликации и размена на деловни е-пошта“, изјави тој за новинарите на дигитална конференција, соопшти агенцијата. Дозволено е користење на iPhone за лични потреби“, рече Шадаев. Читать дальше...

Времето денеска сончево, со мала облачност и умерен ветер

SlobodnaEvropa.mk 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието на места ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната од 25 до 33 степени. Индексот на ултравиолетово зрачење ќе биде 8. Во Скопје, слично време со умерен, повремено и засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 30 степени. За следните денови, синоптичарите најавуваат период на претежно стабилно време со умерен... Читать дальше...





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *