Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Август
2023

Новости за 19.08.2023

МЗ - Пациенти со конго-кримска хеморагична треска се стабилни

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за здравство (МЗ) соопшти дека двајцата пациенти заразени со конго-кримска хеморагична треска се стабилни. Кај нив, според лекарите, најкритичната фаза од болеста поминала и не се очекува влошување. Засега нема други сомнителни случаи. Во земјата за две недели беа регистрирани тројца заразени од конго-кримска хеморагична треска. Од вирусната болест, чиј преносител е крлежот, почина 27 годишна жена во Штип на 30 јули. Потоа од неа се зарази болничарката која ја третирала, а неколку... Читать дальше...

Папата повика да се трошат помалку пари за војска, за да има за хуманитарни цели

SlobodnaEvropa.mk 

Папата Франциск повика да се трошат помалку пари за војската за да останат повеќе за хуманитарни цели. „Наша одговорност е да помогнеме да се искорени омразата и насилството од човечките срца“, напиша поглаварот на Католичката црква на 19 август на социјалната платформа „X“, поранешен Твитер. „Ајде да охрабриме оружјето да се остави настрана, да има намалување на воените трошоци за да може да се обезбедат хуманитарни потреби и инструментите на смртта да се претворат во инструменти на животот“. Читать дальше...

Осудениот масовен убиец Брејвик ја тужи Норвешка

SlobodnaEvropa.mk 

Андерс Брејвик, осуден за убиство на 77 лица, ја тужеше Норвешка тврдејќи дека му се прекршени човековите права, пренесоа светските агенции. Неговиот адвокат Ојстеин Сторвик изјави за Ројтерс дека Брејвик ја тужи државата затоа што, како што наведе, 11 години бил во екстремна изолација и нема контакт со други луѓе. Според адвокатот, осудениот Брејвик се гледа само со затворски чувар, а минатата година бил префрлен во друг затвор каде исто така не може да биде во контакт со други луѓе. Андерс Брејвик беше осуден за убиство на 77 луѓе... Читать дальше...

Буркина Фасо и Мали распоредија воени авиони во Нигер

SlobodnaEvropa.mk 

Буркина Фасо и Мали распоредија воени авиони во Нигер, објави нигериската ТВ РТН. Како што пренесува турската агенција Анадолија, тие соседни земји испратиле воена опрема во Нигер за да им помогнат на нигериските пучисти да одбијат евентуален напад. Во соопштението емитувано на нигериската државна телевизија се наведува дека Мали и Буркина Фаса во Нигер распоредиле борбени авиони „Супер Тукано“. Во соопштението се додава дека Мали и Буркина Фасо тврдат дека на овој начин ги спроведуваат своите... Читать дальше...

Карзаи до талибанците - Пуштете ги девојчињата на училиште

SlobodnaEvropa.mk 

На Денот на независноста на Авганистан, поранешниот авганистански претседател Хамид Карзаи ги повика владејачките талибанци да ги пуштат девојчињата на училиште и на универзитет. Карзаи во честитката, рече дека Авганистанците треба да ги образуваат сите нивни деца, и момчиња и девојчиња. Талибанските лидери, исто така, ја одбележаа 104-годишнината од независноста на Авганистан од Велика Британија во официјална изјава во која се вели дека се посветени на нивните верски и културни вредности и нема... Читать дальше...

Мицкоски - Да не се троши ни секунда на уставни измени, решението е избори

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека нема цена по која би ги прифатиле овие уставни измени под бугарски диктат. Тој порачува дека не треба да се троши време ниту секунда повеќе на ова прашање. Мицкоски на 19 август одржа прес-конференција, на еден ден откако во Собранието почна дебата за тоа дали има потреба од Уставни измени. Вчера по неколкуте говори, немаше гласање, туку претседателот на Собранието, гласањето го остави за друг пат. Мицкоски вели дека од власта си се тешат... Читать дальше...

БРАКО – Модуларните болници ги изградивме по стандарди, што се правело потоа со нив не е во наша надлежност

SlobodnaEvropa.mk 

Од македонската компанија БРАКО соопштија дека таканаречените модуларни болници ги изградиле по стандарди пропишани во проектот на Светска Банка и по документација на Проектната единица на Светската банка во Министерството за труд и социјала за видот на материјали, изолации, инсталации, распоред на простории, прегради, лаборатории итн. Од компанијата наведуваат дека не отстапувале од нацртите кои БРАКО ги добил, а за што, како што велат постојат сертификати, приемни документи, потпишани записници и сите останати потврди и докази. Читать дальше...

Повредени мировници на ОН во Кипар при судир со турските сили

SlobodnaEvropa.mk 

На Кипар на 18 август избувна вооружен инцидент во тампон зоната меѓу мировните сили на Обединетите нации (ОН) и безбедносните сили на кипарските Турци поради неовластени градежни работи во областа под контрола на ОН, објави мировната мисија. Во соопштението на ОН се наведува дека нападот се случил кога мировниците на ОН го блокирале патот на работниците кои граделе пат меѓу селото Арсос, во отцепениот север од островот под окупација на Турција, и селото Пила во тампон зоната јужно од грчкиот, меѓународно признат дел на Кипар. Читать дальше...

Протести против насилство во Србија пред стартот на школската година

SlobodnaEvropa.mk 

Протести против насилството се одржаа на 18 август во повеќе градови во Србија, меѓу кои Нови Сад, Ниш, Зрењанин, Чачак, Горњи Милановац и Јагодина. Фокусот е на почетокот на новата учебна година откако претходната заврши порано поради трагедијата во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“ кога во масовно пукање беа убиени десет лица. Во Нови Сад протест посветен на безбедноста на училиштата. Организаторите укажаа на состојбата во образовниот систем и го поставија прашањето во каква... Читать дальше...

Кинески воени вежби околу Тајван како одговор на посетата на тајванскиот вицепремиер во САД

SlobodnaEvropa.mk 

Кинеската војска на 19 август започна воени вежби околу Тајван, велејќи дека тоа е „сериозно предупредување“ за сепаратистичките сили. На воените вежби се гледа како на лут и широко очекуван одговор на посетата на потпретседателот на Тајван Вилијам Лаи на Соединетите Американски Држави (САД). Лаи, кој е фаворит за претседател на Тајван на изборите во јануари, се врати од САД на 18 август. САД всушност му беа пропратна станица на пат кон и од Парагвај но и во САД имаше говори. Кина го смета демократски... Читать дальше...

Временска прогноза – Сончево и топло, попладне дожд

SlobodnaEvropa.mk 

Времето денеска ќе биде сончево и топло. Од пладневните часови ќе има локална појава на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе достигне од 31 до 38 степени. УВ индексот ќе изнесува 7. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотрајна нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе достигне до 36 степени. Во недела ќе дува умерен до засилен северен ветер... Читать дальше...

Авганистан без музика, инструменти во пламен

SlobodnaEvropa.mk 

Под власта на талибанците, Авганистан е единствената земја во светот каде музиката е забранета. Моралната полиција запленува музички инструменти и ги пали, а прекршувачите на забраната може да бидат тепани или затворени.





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *