Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Август
2023

Новости за 21.08.2023

Уште една жртва на фемицид во БиХ

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за внатрешни работи на кантонот Тузла (МУП ТК) Хајрудин Механовиќ потврди за Радио Слободна Европа (РСЕ) дека маж ја убил својата невенчана сопруга во семејната куќа недалеку од Живинице, на североистокот на Босна и Херцеговина. После тоа извршил самоубиство. Ова е второ убиство во изминатите десет дена во Босна и Херцеговина во кое маж ја убил својата невенчана сопруга. „Убиството и самоубиството, што се случија на 20 август, сè уште го истражуваат полицијата и обвинителството“... Читать дальше...

Реформи: Закажување термини кај матичен, тој да издава рецепти за конзилијарна терапија

SlobodnaEvropa.mk 

Улогата на матичните лекари да се засили, да се намалат административните процедури за хронична терапија, но и дел од пациентите да добијат можност за преглед кај матичниот лекар ако претходно електронски си закажат термин. Министерот за здравство, Фатмир Меџити најави реформи во примарното здравство за кои вели дека веќе се почнати. Исто така ќе се закажува термин кај матичниот лекар, но тоа нема да биде неопходно за сите пациенти, туку само за оние кои можат да одат само во одредено време поради свои обврски. Читать дальше...

Да се намалат платите на функционерите бара ССМ од пратениците

SlobodnaEvropa.mk 

Да нема дискриминација по однос на законските одредби за покачување на платите кога се работи за функционери во споредба со работниците, бара Сојузот на синдикатите на Македонија. Од таму поднесоа предлог до Собранието за намалување на платите на функционерите за 78 отсто. Со него бараат итни измени на член 11 од Законот за плата и другите надоместоци на пратениците во Собранието и другите избрани и именувани лица во државата. „Предлагаме порастот на платите на вработените во јавниот сектор и... Читать дальше...

„Солунската декларација“ - што донесе по две децении?

SlobodnaEvropa.mk 

Грција пак ги собира балканските лидери во Атина на тема проширување на ЕУ, а во исто време и порачува на Албанија „патот до ЕУ е посипан со трње“. По две децении од „Солунската декларација“ - колку ја исполни својата цел за интеграција на Западен Балкан во Унијата.

Претседателот на Собранието и опозицијата со различни толкувања за гласањето за уставни измени

SlobodnaEvropa.mk 

Гласањето мораше да се случи во петокот, кога беше завршен претресот и имаше обезбедно кворум за гласање велат денеска од ВМРО ДПМНЕ, откако во петокот беше прекината седницата на Собранието на Република Северна Македонија на чиј дневен ред единствена точка беше промената на Уставот на државата. Според опозицијата претседателот на собранието Талат Џафери, го применил членот 165 став 1 од Деловникот, иако тој регулира постапка за измени на закон, а не за измена на Устав, за што има и посебна глава во Деловникот. Читать дальше...

МВР се уште трага по човекот кој вееше знаме на т.н. Голема Албанија во Тетово

SlobodnaEvropa.mk 

Нема информации кој е човекот кој вееше знаме со карта на голема Албанија во Тетово при престојот на албанскиот премиер Албин Курти на 12 август. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека и понатаму се утврдува идентитетот и дека се прибираат информации по објавата на фотографијата од лицето. Тој повтори дека не е вработен во Министерството за внатрешни работи истакнувајќи дека ќе се утврди идентититетот и оти ќе има правда дури и во случај да е странски државјанин. „Не велиме и не демантирам... Читать дальше...

Северна Кореја не го реализираше првиот меѓународен комерцијален лет по КОВИД кризата

SlobodnaEvropa.mk 

Националната авиокомпанија на Северна Кореја требаше да го изврши својот прв комерцијален лет по повеќе од три години во понеделник, 21 август, но тој беше откажан во последен момент. Северна Кореја е речиси отцепена од останатиот свет од почетокот на 2020 година, кога ги затвори своите граници како одговор на пандемијата на коронавирус. Новинарите се собраа на меѓународниот аеродром во Пекинг во понеделникот за да го чекаат летот JS151 на Ер Корјо од Пјонгјанг, кој требаше да пристигне во 09:50 часот по локално време. Читать дальше...

Силен земјотрес ја погоди Калифорнија додека тропска бура беснее низ Лос Анџелес

SlobodnaEvropa.mk 

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала ја погоди областа јужна Калифорнија во неделата попладне по локално време, која исто така беше погодена од тропската бура Хилари. Епицентарот на земјотресот бил во областа северно од Лос Анџелес, а потресите ги почувствувале жителите во голем дел од јужната област на оваа американска сојузна држава, додека се подготвувале за силен дожд и можни поплави кои ги донел тропска бура. Земјотресот се случил во 14:41 часот по локално време, а... Читать дальше...

Трамп вели дека нема да учествува во републиканските дебати

SlobodnaEvropa.mk 

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп  рече дека ќе ги прескокне претстојните прелиминарни дебати на републиканците, наведувајќи го неговото големо водство во анкетите како доказ дека тој веќе бил познат и им се допаѓа на гласачите пред изборите во 2024 година. Трамп  рече дека нема смисла да им се даде шанса на неговите републикански ривали да го нападнат со оглед на неговото значително водство во националните анкети. Во неделата, анкетата на CBS покажа дека тој е префериран кандидат за 62 отсто од републиканските гласачи... Читать дальше...

Лидери на Западен Балкан на неформална средба во Атина

SlobodnaEvropa.mk 

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска во Атина организира неформална средба за лидерите од Западен Балкан по повод одбележување на 20 години од „Декларацијата во Солун“. Македонскиот премиер Димитар Ковачевски, српскиот претседател Александар Вучиќ, црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ и косовскиот премиер Албин Курти се најавени дека ќе присуствуваат на ова средба. На неформалната вечера ќе учествуваат и лидерите на земјите од регионот кои се членки на ЕУ: премиерот на Бугарија Николај Денков... Читать дальше...





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *