Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Август
2023

Новости за 11.08.2023

Американскиот обвинител назначи специјален советник во истрагата за синот на Бајден

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот државен обвинител Мерик Гарланд на 11 август објави дека назначил специјален советник во истрагата за деловните зделки на синот на претседателот Џо Бајден. Гарланд го назначи Дејвид Вајс, американскиот адвокат во Делавер кој ги истражува финансиските и деловните зделки на Хантер Бајден, да служи како специјален советник. Овој потег доаѓа во време на опсежните истраги на Министерството за правда против поранешниот претседател Доналд Трамп, кој моментално е главен ривал на Бајден на претседателските избори во 2024 година. Читать дальше...

Курти во целодневна посета од Чаир до Вејце

SlobodnaEvropa.mk 

Косовскиот премиер на Косово, Албин Курти, кој е во неофицијална посета на земјава, денеска имаше средби со првите луѓе на дел од албанските опозициски политички партии во земјава. Оваа посета е во пресрет на формирањето на нивната нова партија „Демократско движење“ која произлезе од фракционерите на ДУИ познати во јавноста како „Огнените“. Тој присуствуваше на преименувањето на улицата „Втора македонска бригада“ во „Адем Демачи“ во општина Чаир. Во обраќањето од скопската општина Чаир, Курти... Читать дальше...

Косовската влада размислува за укинување на забраната за увоз на стоки од Србија

SlobodnaEvropa.mk 

Владата на Косово во наредниот период планира да ја укине одлуката за забрана за увоз на стоки од Србија, но очекува и Европската унија да ги укине казнените мерки против Приштина, изјави за Радио Слободна Европа Ненад Рашиќ, министер во косовската влада од српската заедница. Рашиќ вели дека од премиерот Албин Курти, неколку „меѓународни дипломати “ побарале  укинување на одлуката за забрана за увоз на српска стока, а одговорот бил дека тој како премиер сака целосна деескалација, но „дека Европската унија треба да покаже малку разбирање“. Читать дальше...

Иран загрижен поради можни протести во пресрет на годишнината од смртта на Махса Амини

SlobodnaEvropa.mk 

Иранските власти ги разгледуваат мерките со кои очигледно треба да ги избегнат новите протести меѓу учениците додека тие се враќаат на училиште во септември месецот што ќе ја одбележи и годишнината од смртта на 22-годишната Махса Амини во полициски притвор, откако беше уапсена поради носење хиџаб неправилно.  Според активистите за човекови права, повеќе од 140 големи ирански универзитети одржале протестни собири по смртта на Амин. Раководителот на одделот за јавен превоз во Техеран, Мехди Голшани... Читать дальше...

Пукано во полицијата на северот на Косово, петмина уапсени за напад, шверц и дрога

SlobodnaEvropa.mk 

На територијата на општина Зубин Поток на северот на Косово, во раните утрински часови на 11 август дошло до размена на оган меѓу косовската полиција и група која шверцувала стока, изјави заменик директорот на полицијата за северниот регион, Ветон Елшани, за Радио Слободна Европа. Тој појасни дека полицијата се обидела да запре комбе со шверцувана стока кога се пукало, на што полицијата одговорила со иста мерка. Повредени нема, полицијата привела пет лица, додека се трага по уште едно лице“, изјави Елшани. Читать дальше...

Обвинителството на Босна и Херцеговина покрена обвинение против Додик

SlobodnaEvropa.mk 

Обвинителството на Босна и Херцеговина поднесе обвинение против претседателот наРепублика Српска, Милорад Додик и директорот на Службен весник на Република Српска, Милош Лукиќ, кои се товарат за кривично дело неисполнување на одлуките на високиот претставник на Босна и Херцеговина. Обвинението е проследено до Судот на Босна и Херцеговина, соопшти Обвинителството на Босна и Херцеговина. Обвинителството на Босна и Херцеговина на 9 јули формираше тим од тројца обвинители откако во Службен весник... Читать дальше...

Три лица убиени во Градачац, сторителот се самоубил

SlobodnaEvropa.mk 

Три лица загинале, а тројца се ранети во Градачац, потврдија од Министерството за внатрешни работи на кантонот Тузла, Босна и Херцеговина. „Лицето откако било лоцирано и пред да биде лишено од слобода извршило самоубиство“, соопшти Министертвото за внатрешни работи на кантонот Тузла. Министерот за внатрешни работи на кантонот Тузла, Хајрудин Механовиќ, за РСЕ изјави дека информациите од терен дека Сулејмановиќ извршил самоубиство веројатно се точни, но дека мора да се спроведе истрага за да се потврдат овие наводи. Читать дальше...

Рекорден број хакерски напади врз институции, голем дел не пријавуваат

SlobodnaEvropa.mk 

Законите им овозможуваат на државнте институции да не пријавуваат хакерски напади. Така во период од една година година имало најголем број пријави за хакерски напади врз државни институции, но оваа бројка не ја прикажуваат реалната слика на хакирани државни сајтови, вели директорот на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) Јетон Акику.



Дел од запленетиот имот на Мијалков на лицитација

SlobodnaEvropa.mk 

Агенцијата за управување со одземен имот објави оглас на кој се понудени дел од конфискуваните недвижнини одземени од поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, а кои се однесуваат за случајот „Империја“. Огласот е објавен на страницата на Агенцијата и трае 15 дена, а рокот за поднесување на пријавите е до 23 август до 14 часот. Наддавањето е закажано за 25 август и ќе се одржи по електронски пат преку системот за електронско наддавање на Агенцијата. Понудени на продажба се два стана во Охрид... Читать дальше...

Експлозии во Киев, затворен воздушниот простор над аеродром во Москва

SlobodnaEvropa.mk 

Експлозии биле регистрирани денеска во Киев, откако била прогласена воздушна тревога низ целата земја, додека воздушниот простор над московскиот аеродром Внуково беше привремено затворен и сите летови беа прекинати поради можни дронови во областа. Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко им порача на граѓаните да останат во засолништа. Градските власти соопштија дека противвоздушната одбрана работи и воздухопловните сили региострирале руски суперсонични ракетни напади во областа Киев. „Експлозии во градот. Читать дальше...

Прегорев од работа, ќе ми дадете ли боледување?

SlobodnaEvropa.mk 

Не е синдром на „прегореност“ од работа или „burnout“ сѐ што „гори“, но луѓе со симптоми на исцрпеност има сѐ повеќе. Светската здравствена организација го класифицира како синдром и матичен лекар може врз основа на оваа дијагноза да отвори боледување. Кој бара помош заради исцрпеност од работа?

Најмалку 23 повредени во земјотрес во Турција

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку 23 лица се повредени по земјотресот со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала што ја погоди јужна Турција околу 20 часот во четвртокот, околу шест месеци по разорните земјотреси во регионот. Турскиот министер за здравство Фахретин Коџа изјави дека поголемиот дел од повредите со кои се здобиле лицата се предизвикани од пад или скок од голема височина кога се случил земјотресот.  Гувернерот на Малатија, Ариф Јилмаз, за државната новинска агенција „Анадолу“ изјави дека нивните тимови... Читать дальше...

По половина век Русија го лансираше првото вселенско летало на Месечината

SlobodnaEvropa.mk 

Ноќта меѓу четвртокот кон петокот, Русија го лансираше своето прво вселенско летало кон Месечината по 47 години. Ракетата со сондата Луна-25 полета во 2:10 часот по московско време од космодромот Восточни на Далечниот Исток. Последната руска мисија на Месечината беше извршена во 1976 година за време на Советскиот Сојуз со вселенската сонда Луна 24. Русија ќе се обиде да биде првата земја што ќе слета на јужниот пол на Месечината, област за која се верува дека содржи мраз. Се очекува Луна-25 да слета на Месечината на 23 август... Читать дальше...

Инциденти поради носење буркини и хиџаб во Црна Гора

SlobodnaEvropa.mk 

Инцидентите во Бар и Будва покажуваат дека постои голем проблем во прифаќањето на различностите во општеството, апелираат активистите за човекови права, откако една девојка била исфрлена од плажа зошто сакала да плива со буркини, а друга била полиена со алкохол бидејќи носела хиџаб.

Бројот на загинати во катастрофалните пожари на Хаваи се искачи на 53

SlobodnaEvropa.mk 

Бројот на загинати во шумските пожари во туристичкиот град Лахаина на хавајскиот остров Мауи се искачи на 53, соопшти округот Мауи. Најмалку три големи пожари избувнаа на Мауи во вторникот навечер, отсекувајќи ја западната страна на островот и историскиот град Лахаина, каде што беа уништени или оштетени најмалку 271 градба.  Најмалку 53 лица загинаа, додека на огромен број луѓе им беше укажана медицинска помош поради изгореници, вдишување чад и други повреди. Продолжуваат напорите за пребарување и спасување... Читать дальше...





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *