Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Июль
2022

Новости за 09.07.2022

МНР - Османи нема да оди на состанокот на Мешовитата меѓувладина комисија во Банско

SlobodnaEvropa.mk 

Македонското Минстерство за надворешни работи МНР соопшти дека министерот Бујар Османи нема да оди на годишниот состанок на Мешовитата меѓувладина комисија во Банско.  Соопштението доаѓа откако бугарското Министерството за надворешни работи соопшти дека Османи е пканет на годишниот состанок на Мешовитата меѓувладина комисија. Од македонското МНР велат дека ја известиле Софија оти Османи како претставник на Владата во овој период ќе се фокусира на процесот во Собранието, каде треба да се расправа за францускиот предлог. Читать дальше...

Бугарија го покани Османи на годишниот состанок на Мешовитата меѓувладина комисија

SlobodnaEvropa.mk 

Бугарското Министерството за надворешни работи денеска соопшти дека вчера испратило покана до министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи за одржување на годишниот состанок на Мешовитата меѓувладина комисија, според членот 12 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка. Како што пренесува МИА, во соопштението на бугарското МНР се вели дека состанокот би се одржал на 9, 10 или 11 јули во Банско, а дека на него треба да се разгледа исполнувањето на Договорот за добрососедство во изминатиов период... Читать дальше...

Блинкен - Борел: Предлогот ги зема во предвид грижите на Бугарија и Северна Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

„Компромисниот предлог“ ги зема предвид интересите и грижите и на Северна Македонија и на Бугарија, се вели во заедничка изјава на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Жозеп Борел и американскиот државен секретар Антони Блинкен.

Лидерите упатија честитки за Курбан Бајрам со пораки за обединување

SlobodnaEvropa.mk 

Верниците од исламска вероисповест денеска го слават Курбан Бајрам, празник кој трае три дена, а прославата почнува 70 дена по првиот Бајрам во годината Фитр Бајрам и го одбележува денот кога е комплетиран светиот Куран. Претседателот на Собранието Талат Џафери упати честитка по повод празникот, со порака за обединување околу суштинските прашања. „Да не дозволиме барем за суштинските прашања да бидеме сами, туку да се обединиме за надминување на секаква пречка или тешкотија што се појавува пред нас. Читать дальше...

Русија стави вето на продолжувањето на програмата на ОН за помош на Сирија

SlobodnaEvropa.mk 

Русија стави вето на продолжување на непходната програма за хуманитарна помош на Обединетите нации за Сирија, додека хуманитарните групи и дипломатите предупредуваат на потенцијална катастрофа. Програма на ОН за добивање храна, лекови, засолниште и друга помош за околу 4 милиони луѓе, во делот на северозападна Сирија којшто е контролиран од опозицијата, е во сила од 2014 година. Дипломатите се мачеа да го продолжат актуелниот мандат на Советот за безбедност на ОН со кој се овластува механизмот, кој истекува на 10 јули. Читать дальше...

Демонстрантите во Шри Ланка упаднаа во претседателската резиденција

SlobodnaEvropa.mk 

Демонстрантите упаднаа во резиденцијата на претседателот на Шри Ланка, продлабочувајќи ја политичката криза предизвикана од тешките економски проблеми во земјата. Илјадници жители на Шри Ланка, од кои многумина за проблемите го обвинуваат претседателот Готабаја Рајапакса, на 8 јули ги пробија полициските барикади и ја окупираа официјалната претседателска резиденција. Жителите на Шри Ланка се огорчени поради начинот на кој владата се справува со економската криза што ја стави земјата на работ на колапс. Читать дальше...

Јапонците му оддаваат почит на поранешниот премиер Абe

SlobodnaEvropa.mk 

Голем број Јапонци денеска го посетија местото на убиството на поранешниот премиер Шинзо Абе во западниот град Нара, што беше  редок чин на политичко насилство којшто ја шокираше нацијата. Современиот лидер со најдолг стаж во Јапонија беше убиен во петокот наутро додека држеше говор за кампањата од страна на 41-годишен маж. Политичкиот естаблишмент го опиша убиството како напад врз самата демократија. „Шокирана сум од овој настан во Нара“, рече Нацуми Нива - 50-годишна домаќинка, откако положи... Читать дальше...

Маск се откажува од купувањето на Твитер

SlobodnaEvropa.mk 

Главниот извршен директор на Тесла и најбогатиот човек на светот Илон Маск во петокот на 8 јули изјави дека го раскинува договорот за купување на Твитер вреден 44 милијарди долари, бидејќи компанијата не дала информации за лажните сметки. Акциите на Твитер во петокот паднаа за 5 отсто на 36,81 долари, што е многу помалку од 54,20 долари колку што во април понуди Маск да ги плати. Во меѓувреме, акциите на Тесла се зголемија за 2,5 отсто, односно на 752,29 долари. Претседателот на Твитер, Брет... Читать дальше...

Времето денеска - облачно со врнежи од дожд

SlobodnaEvropa.mk 

Времето денеска ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат обилни, од 10 до 20 литри на метар квадратен. Локално врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи и со услови за појава на град. Ќе дува умерен до засилен северен ветер и температурата значително ќе опадне. Утринските температури ќе се движат од 12 до 19 степени, а дневните од 18 до 24 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде облачно со врнежи од дожд. Утринската температура ќе достигне до 17 степени... Читать дальше...





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *