Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Июль
2022

Новости за 28.07.2022

Спасовски: Два воздухоплови на МВР се на располагање за гаснење на пожари

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во одговор на пратеничко прашање изјави дека МВР има дополнително два воздухоплови кои може да бидат употребувани за гаснење пожари. „Армијата има два воздухоплови кои се опремени со опрема за гаснење на пожари. Министерството за внатрешни работи до минатата година немаше таков капацитет, но сега преземавме мерки, извршена е набавка на опрема и извршена е обука на кадрите, и имаме два воздухоплови на рапсолагање за гаснењето на пожарите, кои и во овој момент се ставени на располагање“... Читать дальше...

Воздухот во Битола колатерална штета на високата цена за струја

SlobodnaEvropa.mk 

Најголем загадувач на воздухот во Битола е греењето. Во градот нема градско парно греење, па и оваа зима битолчани ќе се греат на дрва, со што загадувањето на воздухот ќе се зголеми. Според истражувањата дури 15 проценти од смртните случаи во Битола се резултат на аерозагадувањето.

Иран планира да изгради нов нуклеарен реактор

SlobodnaEvropa.mk 

Иранските власти соопштија дека планираат да изградат нов истражувачки реактор во провинцијата Исфахан, а изградбата ќе започне во рок од неколку недели. „Ова е целосно домашен проект што ќе го затвори синџирот на истражување, евалуација, тестирање и производство на нуклеарна енергија во Иран“, рече Мохамед Еслами, шеф на Иранската организација за атомска енергија. Еслами, кој е и потпретседател на Иран, додаде дека започнало истражувањето за пронаоѓање на нови соодветни нуклеарни локации, особено на југот на земјата. Читать дальше...

Потврдени 32 случаи на мајмунски сипаници во Грција

SlobodnaEvropa.mk 

Националната организација за јавно здравје на Грција соопшти дека до денеска потврдени се вкупно 32 случаи на мајмунски сипаници. Сите случаи, според организацијата, се кај мажи од 22 до 59 години, а 38 отсто, односно 12 од заразените пријавиле патување во странство во периодот на инкубација на болеста. Пациентите, како што наведуваат, веќе оздравеле или оздравуваат во генерално добра клиничка состојба. Во Европа до 26 јули се регистрирани 13.043 случаи на мајмунски сипаници во 37 различни земји. Читать дальше...

Нова кривична пријава против Муареми

SlobodnaEvropa.mk 

Нова кривична пријава е поднесена против директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми. Пријавата до Основното јавно Обвинителство, до Обвинителството за борба против организиран криминал, до премиерот Димитар Ковачевски и до министерот за финансии Фатмир Бесими, ја поднел жител на Дебар. Пријавата се однесува за легализација на објект во Дебар. Од Финансиска полиција велат дека водат предмет против лицето кое го пријавило Муареми. И во овој случај се споменува Државното правобранителство... Читать дальше...

Нови 884 случаи на ковид, пријавени се 5 починати лица

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.866 тестови, а регистрирани се нови 884 случаи на Ковид-19. Од вкупниот број на позитивни 190 се реинфекции. Оздравени пациенти се 745 пациенти. Во текот на изминатите 24 часа пријавено е едно починато лице од Скопје (77г) во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин регистрирани се 4 починати лица, по едно од Струмица, Штип, Кочани и Гостивар. Од пријавените лица, 3 се починати во болнички... Читать дальше...

Мицкоски изненаден од Пендаровски за референдумот

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјави дека е изненаден од тоа што, како што рече, за прв пат можеби се на иста бранова должина со претседателот Стево Пендаровски во врска со формулацијата на прашањето за референдум. „Граѓаните да одлучат дали сакаат вака асимилирани, бугаризирани, под диктат да имаат европска иднина, или пак горди, достоинствени, кога за тоа ќе се создадат услови во блиска иднина, да имаме европска иднина. Европската иднина и желбата на граѓаните, но и на политичките... Читать дальше...

Муареми: Неоснованите напади кон нас доаѓаат од еден ист центар

SlobodnaEvropa.mk 

Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми денеска изјави дека тој и вработените во управата „препознаваме и свесни сме дека овие намерно исценирани и неосновани напади кон нас, доаѓаат од еден ист центар за кој што во Управата, но, и во други институции веќе активно се водат соодветни постапки, во зависност од надлежностите на институцијата“. Тој притоа посочува дека очекуваат нападите и притисоците да продолжат и во наредните денови. „Намерата на овие напади е повеќе од очигледна. Читать дальше...



Русија ги потврди разговорите за размена на затвореници со САД

SlobodnaEvropa.mk 

Русија призна дека разговорите со Соединетите држави за размена на затвореници во која би биле вклучени американската кошаркарска ѕвезда Бритни Гринер и рускиот трговец со оружје Виктор Бут се во тек, но оти не бил постигнат договор. Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека Вашингтон и дал „значителна понуда“ на Русија за ослободување на поранешниот маринец Пол Вилан и Бритни Гринер, кои се наоѓаат во руски затвори под обвиненија за кои САД велат дека се политички мотивирани. Тој не го именуваше Бут... Читать дальше...

Американски инвестиции од 237 милиони долари за енергетскиот сектор на Косово

SlobodnaEvropa.mk 

Косово потпиша договор од околу 237 милиони долари со американска владина агенција за зајакнување на енергетскиот сектор, Од кабинетот на претседателката Вјоса Османи денеска е соопштено дека договорот со корпорацијата Милениумски предизвик или МЦЦ е потпишан ден претходно во Вашингтон. Османи рече дека потпишувањето на Програмата ќе помогне во решавањето на итните прашања во енергетскиот сектор со кои се соочува државата. Курти: воведување блок тарифи во снабдувањето со електрична енергија „Договорот од 236,7 милиони долари... Читать дальше...

Пишман асфалтирање на паркот

SlobodnaEvropa.mk 

Градоначалничката Данела Арсовска вчера се пофали дека ги асфалтираат земјените пешачки патеки во Градскиот Парк. Директорот на Улици и патишта денеска вели дека таа не била добро разбрана. Граѓаните реагираа што булевари стојат раскопани со месеци, а паркот го асфалтираа во еден ден.

Планетата Земја од денеска живее на кредит

SlobodnaEvropa.mk 

Од денеска човештвото ги потроши сите природни ресурси кои Земјата може да ги произведе за една година и со тоа влезе во „еколошки долг“, два дена порано од минатата година. Денот на пречекорување на ресурсите на Земјата од почетокот на 1970-ти беше порано, со исклучок на 2020 година кога беше на 22 август поради помалото исцрпување на ресурсите поради пандемијата. Глобалната организација Global Footprint Network, која го пресметува тој датум секоја година, објави дека три милијарди луѓе живеат во... Читать дальше...

Џафери: „Нема потреба од предвремени избори“

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Собранието Талат Џафери вели дека не се подготвува за предвремени избори и оти е преурането да ги коментира најавите за уставни измени и за референдум. На пратениците им порача проблемите во владејачката коалиција да ги решаваат политички, а не со неприсуство и негласање на закони.

Џафери не ги коментира најавите за уставни измени и за референдум

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Собранието Талат Џафери на денешната средба со новинарите изјави дека не се подготвува за предвремени избори, потсетувајќи ја притоа опозицијата дека за тоа се потребни претходни подготовки имајќи предвид дека сто дена пред вакви избори е потребно формирање техничка Влада. Џафери рече исто така дека е преурането да ги коментира најавите за уставни измени и за референдум во врска со европскиот предлог. „Нема материјал за да се изјаснам. Опозицијата хипотетички прави ситуација“, рече тој. Читать дальше...

Во Иран уапсени членови на „шпионска мрежа“ поврзана со Израел

SlobodnaEvropa.mk 

Иранската полиција ги уапсила водачот и уште четворица други членови на осомничена шпионска мрежа за која Техеран вели дека има врски со израелските разузнавачки служби. Ова беше објавено во денешното соопштение на контрашпионската организација на иранската единица за спроведување на законот. Во изјавата, објавена од полуофицијалната иранска новинска агенција (ИЛНА), властите велат дека членовите на мрежата собирале „витални“ информации од Иран за израелската разузнавачка агенција Мосад во замена за финансиски награди. Читать дальше...

WhatsApp и Snapchat казнети поради кориснички податоци во Русија

SlobodnaEvropa.mk 

Руски суд ги казни апликациите за социјалните мрежи WhatsApp и Snapchat поради наводниот неуспех да складираат локално користени податоци на руска територија. Судот денеска соопшти дека како резултат на пресудата, го казнува WhatsApp, во сопственост на Meta Platforms Inc, со 18 милиони рубљи или околу 300.000 долари и Snapchat со милион рубли. Овие компании веднаш не ја коментираа одлуката, но во последниве месеци руските судови ги казнија Гугл, Фејсбук, Твитер, Телеграм и ТикТок поради проблемот со личните податоци... Читать дальше...

Нинова: Радев е дел од групата што ја собори владата на Бугарија

SlobodnaEvropa.mk 

Лидерката на Бугарската социјалистичка партија, Корнелија Нинова, која е вицепремиерка која поднесе оставка по враќањето на неисполнетиот трет мандат за формирање нова бугарска влада, упати остри критики до претседателот на државата Румен Радев. Таа додаде дека како мандатар направиле се што е во нивна моќ да ја гарантираат безбедноста и стабилноста на Бугарија, бидејќи изготвиле програма за управување и воведоа 79 нацрт-закони кои требаше да им го олеснат животот на бугарските граѓани. Таа беше... Читать дальше...

Косовска безбедносна стратегија: главен предизвик - претензиите на Србија кон Косово

SlobodnaEvropa.mk 

Во Нацрт-косовската безбедносна стратегија за периодот 2022-2027 година, што вчера беше усвоен од собраниската Комисија за безбедност и одбрана, главен предизвик за безбедноста на земјата се наведени „српските територијални претензии кон Косово“, изјави првиот заменик претседател на таа комисија Енвер Дуголи. Според него, во ваков документ првпат експлицитно се споменува „опасноста од Србија“. Дуголи, пратеник на движењето Самоопределување, во изјава за Радио Слободна Европа вели дека Нацрт-стратегијата... Читать дальше...

Амбулантите полни со ковид пациенти - тестови нема, за нови мерки ќе се почека

SlobodnaEvropa.mk 

Бројот на позитивни случаи на Ковид 19 расте, со денови се чека за тестови „на државно“, а најави за нови мерки нема. Амбулантите на матичните лекари се полни со пациенти. Епидемиологот Стојанов предупредува дека не е време за опуштање, а прашање на време е кога ќе се вратат ковид мерките.

Делегацијата на ЕУ, американската и британската амбасада во БиХ ја поздравија одлуката на Шмит

SlobodnaEvropa.mk 

Делегацијата на Европската унија во Босна и Херцеговина соопшти дека граѓаните заслужуваат непречено спроведување на изборите со поголем интегритет и транспарентност, како и брзо формирање на законодавната и извршната власт на сите нивоа по општите избори на 2 октомври. „ЕУ длабоко жали поради фактот што политичките партии не успеаја да се договорат за усвојување мерки кои ќе обезбедат интегритет и транспарентност на изборниот процес во БиХ. Како резултат на тоа, ја имаме одлуката на високиот претставник Кристијан Шмит“... Читать дальше...

Времето денеска: променливо облачно и нестабилно

SlobodnaEvropa.mk 

Променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за изолирана појава на град. Дневната температура ќе се движи од 24 до 36 степени. Во Скопје и околината слично време, со температура до 33 степени.





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *