Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Июль
2022

Новости за 10.07.2022

Седми протест против „францускиот предлог“, повици за поголема масовност

SlobodnaEvropa.mk 

Илјадници граѓани вечерва маршираа од Владата во Скопје, преку Министерството за правда до Собранието, протестирајќи против францускиот предлог за почнување на преговори на Македонија со Европската унија. Протестите беа организирани под мотото „Против бугаризација на Македонија“ и „Ултиматум – Не благодарам“, а повици за денеска протестите упатија опозициските партии ВМРО-ДПМНЕ и Левица. Демонстрантите носае и транспаренти на кои пишуваше „Со фашисти не се преговара“, пред Собранието беа одржани говори... Читать дальше...

Вечерва нов протест: ВМРО-ДПМНЕ бара гаранции за јазикот, за власта со предлогот се затвора темата за идентитетот

SlobodnaEvropa.mk 

По два дена пауза, вечерва во 19 часот пред Владата ќе се одржи нов протест под мотото „Против бугаризација на Македонија“, односно против прифаќањето на францускиот предлог за почнување на преговорите на Македонија за членство во ЕУ. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во денешниот повик за протестот наведе дека нема да дозволи и поддржи предлог кој е на штета на Македонија.   Опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ на почетокот на месецов го отфрли предлогот и повика на протести, на кои во некои денови минатава седмица ситуацијата ескалираше... Читать дальше...

Блнкен во посета на Тајланд за зајакнување на регионалната поддршка

SlobodnaEvropa.mk 

Соединетите Држави и Тајланд денеска потпишаа договори за продлабочување на врските, додека Вашингтон ги засилува напорите да се спротивстави на зголеменото влијание на Кина во Азија. Американскиот државен секретар Антони Блинкен и тајландскиот министер за надворешни работи Дон Прамудвинаи ветија унапредување на партнерствата за борба против климатските промени, како и соработката за спроведување на законот и безбедноста. „Партнерството меѓу нас во потполност го пренесуваме во 21 век“, рече Блинкен... Читать дальше...

Пукање во близина на Јоханесбург - 15 убиени и 9 ранети

SlobodnaEvropa.mk 

Петнаесет лица се убиени, а девет се ранети во вооружен напад во Совето, населба во близина на Јоханесбург во Јужноафриканската Република.  Напаѓачите, вооружени со пушки и пиштоли, почнале да пукаат кон луѓето кои седеле во кафулето во раните утрински часови во неделата, соопшти полицијата. Нападот се случил по полноќ кога група мажи влегле во таверната и почнале да пукаат кон посетителите.  Непознатите напаѓачи побегнале од местото, информираат од полицијата, кои засега немаат информации колку лица учествувале во нападот. Читать дальше...

Прнајден жив уште еден од исчезнатите во морето на Халкидики

SlobodnaEvropa.mk 

Уште еден од исчезнатите македонски државјани на Халкидики е пронајден жив и е во релативно добра здравствена состојба, откако од вчера започна потрагата по тројца исчезнати, за кои грчките медиуми известија дека се од Македонија, а вчера вечерта беше спасен првиот од нив - 25-годинишно момче од земјава. Вториот пронајден денеска е 30-годишен државјанин на Северна Македонија. По 17 часа од исчезнувањето бил пронајден од товарен брод што пловел во морскиот дел југозападно од Касандра, јавува МИА... Читать дальше...

Опозицијата во Шри Ланка се надева дека ќе формира нова влада

SlobodnaEvropa.mk 

Опозициските политички партии во Шри Ланка ќе се состанат денеска за да договорат нова влада, откако претседателот и премиерот на земјата ги понудија своите оставки во најхаотичниот ден од неколкумесечните политички превирања. Демонстрантите во саботата упаднаа во резиденциите на претседателот и премиерот на Шри Ланкаи таму ја минаа ноќта, незадоволни од економската криза во земјата. Денеска тие рекоа дека не заминуваат додека лидерите на земјата не поднесат официјална оставка. На нацијата од 22 милиони жители и недостигаат храна и гориво... Читать дальше...

Петков - Северна Македонија да го избере европскиот пат, протестите во Скопје продолжуваат

SlobodnaEvropa.mk 

Бугарскиот премиер во оставка Кирил Петков изјави дека предлогот на француското претседателство е ислучително добар за Софија кој направил бугарските позиции да станат и европски. Тој вели дека во Северна Македонија во моментов е многу тешко да се прифатат тие позиции, но вели дека земјава тоа треба да го направи и да избере европски пат. Во интервју за БТВ, Петков вели дека би било ужасно ако Албанија гопродолжи пристапниот процес за членство во ЕУ, а Северна Македонија остане надвор од него. Читать дальше...

Потрага по двајца исчезнати во морето на Халкидики, спасено 25-годишно момче од Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Крајбрежната служба на Грција денеска соопшти дека откако добила информации дека тројца капачи исчезнале во морската област Посида на Халкидики, а за кои грчките медиуми известуваат дека се од Северна Македонија, започнала потрага со два патролни чамци, седум бродови кои биле во близина и со хеликоптер на военото воздухопловство. Потрагата по двајца исчезнати се уште трае, а вчера вечерта беше спасено 25-годинишно момче од Македонија.  Како што пренесува МИА, во соопштението се вели дека во потрагата... Читать дальше...

Сончево време со температура до 29 степени

SlobodnaEvropa.mk 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен ветер од северен правец вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени. УВ индексот ќе биде 7, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 27 степени.

Деаноски - Владата нема слух за сопствените вработени

SlobodnaEvropa.mk 

Владата во овој момент апсолутно нема слух за сопствените вработени, бидејќи владата е најголемиот работодавач во државата, вели Трпе Деановски, претседател на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ). Владата најавува нова методологија за повисоки плати од следната година, но што ќе прават вработените дотогаш, прашува тој.

Ако нема зголемување за 2.806 денари, Синдикатот ќе бара 18 отсто поголеми плати

SlobodnaEvropa.mk 

Синдикатот не го доби барањето за линеарно покачување на платите и побара од Владата да продолжи социјалниот дијалог, во спротивно најавија колективни тужби против државата пред Меѓународната организација на труд и продолжување на штрајковите, вели претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски. Синдикатот најави продолжување на штрајковите.





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *