Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Июль
2022

Новости за 27.07.2022

Во Аеродром се расчистуваат штетите од невремето

SlobodnaEvropa.mk 

Службите во Општина Аеродром се излезени на терен и ги санираат штетите по силното невреме што попладнево ја зафати општината, при што беше причинета материјална штета на повеќе локации, соопшти градоначалникот на оваа скопска општина, Тимчо Муцунски „Остануваме на терен сѐ додека е потребно и додека не бидат отстранети сите опасности за граѓаните“, напиша Муцунски на Фејсбук . Тој ги посетил жителите кои претрпеле најголеми штети во временската непогода. Делови од Скопската котлина попладнево... Читать дальше...

Иран ги поздравува дипломатските напори за нуклеарниот договор

SlobodnaEvropa.mk 

Иран ги поздравува дипломатските напори за решавање на нуклеарен спор со светските сили, изјави денеска министерот за надворешни работи на Иран, Хосеин Амирабдолахиан. Неговата изјава доаѓа еден ден откако шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел предложи нов нацрт-текст за заживување на нуклеарниот договор со Техеран од 2015 година. Иранскиот министер вели дека „го поздравува продолжувањето на дипломатијата и преговорите“. Амирабдолахиан, кој телефонски разговараше со Борел, додаде... Читать дальше...

На 1 август ќе биде конституирано новото српско Собрание

SlobodnaEvropa.mk 

Конститутивната седница на Собранието на Србија е закажана за понеделник, 1 август, соопшти Парламентот на 27 јули. На дневен ред на собраниската седница, која ја свика актуелниот претседател Ивица Дачиќ, ќе биде потврдувањето на пратеничките мандати, изборот на претседател и потпретседател на Собранието. Пратениците ќе одлучуваат и за новиот генерален секретар на собранието, како и за членовите на работните тела и постојаните собраниски делегации во меѓународните институции. Парламентарните избори во Србија се одржаа на 3 април. Читать дальше...

Грција нема да воведе ковид мерки во текот на летото

SlobodnaEvropa.mk 

Грција не разгледува можноста за воведување ковид мерки во текот на летото, изјави министерот за здравство на Грција Танос Плеврис во интервјуто за грчката телевизија ЕРТ. Тој вели дека во моментот бранот е во надолен тренд и дека очекуваат дека така ќе продолжи околу еден месец. Плеврис објасни дека конкретниот бран има целосно различни карактеристики од претходните и поради имунизацијата на населението, но и поради мутациите кои се поразлични и не носат тешки хоспитализации, додавајќи дека конкретниот модел што го следат... Читать дальше...

Високиот претставник за БиХ наметна измени на Изборниот закон

SlobodnaEvropa.mk 

Високиот меѓународен претставник за БиХ Кристијан Шмит денеска наметна одлука за измени на Изборниот закон на Босна и Херцеговина, но тие ќе бидат само од техничка природа и нема да се однесуваат на спроведувањето на пресудата на Уставниот суд во случајот „Љубиќ“, потврдија денеска лидерите на дел од политичките партии во таа земја. Во текот на денот, Шмит ги покани претставниците на најголемите политички партии од БиХ во неговата канцеларија во Сараево (ОХР) за да ги информира за таквата намера. Читать дальше...

Бајден излегува од изолација по негативниот тест на ковид

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот претседател Џо Бајден е негативен на коронавирус и ќе излезе од изолацијата што ја започна откако се зарази со ковид-19 минатата недела, соопшти Белата куќа. Лекарот на Бајден, доктор Кевин О'Конор, во меморандум објавен денеска соопшти дека претседателот на САД повеќе нема треска и дека речиси не покажува знаци на какви било симптоми поврзани со болеста. Бајден ќе продолжи да носи маска во наредните десет дена кога ќе биде во присуство на луѓе, како мерка на претпазливост. Според Белата куќа... Читать дальше...

Обвинение за пожарот во модуларната ковид болница во Тетово

SlobodnaEvropa.mk 

Обвинети за пожарот во модуларната ковид болница во Тетово се поранешниот директор на тетовската болница Флорин Бесими, раководно лице во болницата и дежурниот доктор. Во пожарот во модуларната болница на 8 септември лани загинаа 14 луѓе. Обвинение има и за Општата болница – Тетово. Бесими и раководното лице се обвинети дека сториле кривично дело тешки дела против општата сигурност, а докторот дека не постапил според здравствени прописи во време на епидемија. Тетовската болница, се гони за двете кривични дела. Читать дальше...



Занаетчиите бараат да работат во недела

SlobodnaEvropa.mk 

Занаетчиската комора на Македонија и Регионалната занаетчиска комора од Куманово бараат надлежните институции побрзо да реагираат и да ги донесат законските измени за недела неработен ден, информираа на денешната прес-конференција од Занаетчиската комора. Од Комората велат дека со измените, работниците нема да трпат штета, ќе им се плаќа соодветниот надоместок, а занаетчиите ќе успеат да ја пребродат кризата која трае веќе од пандемијата. Претседателот на Комората, Агрон Фазлији вели дека не е во ред цвеќарници... Читать дальше...

САД праќаат 4,3 милиони долари на Македонија за зајакнување на владеење на правото

SlobodnaEvropa.mk 

Соединетите Американски Држави (САД) ќе и дадат на Македонија 4,3 милиони американски долари во рамки на реализацијата на Стратешкиот дијалог меѓу двете земји, соопшти македонското МНР. Парите се наменети за зајакнување на владеење на правото во земјава. Стратешкиот дијалог започна на 2 јуни во Вашингтон, меѓу владината делегација предводена од министерот за надворешни работи Бујар Османи, од наша страна и делегацијата, предводена од помошникот државен секретар на САД за европски и евро-азиски работи, Карен Донфрид, од американска страна. Читать дальше...

Во Иран во просек се егзекутира по едно лице дневно

SlobodnaEvropa.mk 

Во Иран од почетокот на годината се обесени најмалку 251 лице, соопштија групи за човекови права. Според нив, егзекуциите се „грозен напад“ врз правото на живот. Центарот за човекови права Абдорахман Боруманд со седиште во Вашингтон во Иран и Амнести интернешенел со седиште во Лондон во заедничка изјава соопштија дека станува збор за бројка на потврдени бесења годинава, иако реалната бројка може да биде уште поголема. „Ако егзекуциите продолжат со ова застрашувачко темпо, тие наскоро ќе го надминат... Читать дальше...

Бектеши- Мерки за домаќинствата и индустријата штом се прогласи кризна состојба

SlobodnaEvropa.mk 

Со прогласување на кризна состојба во енергетскиот сектор веднаш почнуваме со мерки за стопанството и домаќинствата за излез од енергетската криза, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши, кој имаше средба со претставници на енергетскиот сектор. Т ој изјави дека секојдневно се во комуникација за да се креираат мерки со кои ќе се ублажи кризата како кај домаќинствата, така и во индустријата. На состанокот се дискутираше за можните мерки и чекори кои ќе ги преземе Владата за излез од енергетската криза. Читать дальше...

Нови 897 случаи на ковид и двајца починати

SlobodnaEvropa.mk 

Во последните 24 часа регистрирани се 897 нови случаи на заразени со ковид-19 од направени 1.828 тестови, соопшти Министерството за здравство. Во Скопје има 384 нови случаи, Битола – 66, Струмица – 47, Прилеп – 43, Куманово и Кавадарци – по 41, Велес – 37, Охрид – 36, Тетово – 26, Струга и Неготино – по 19, Гостивар – 17, Штип – 16, Радовиш – 13, Кичево – 12, Дебар – 10, Гевгелија и Демир Хисар – по 8, Кочани и Крива Паланка – по 7, Валандово и Кратово – по 6, Ресен, Берово и Свети Николе – по 5... Читать дальше...

Пендаровски ги прими акредитивите на новиот британски амбасадор Лосон

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот британски амбасадор Метју Лосон. На свечената церемонија, како што соопшти Кабинетот на претседателот, Пендаровски истакна дека Северна Македонија придава големо значење на развојот на односите и соработката со Обединетото Кралство, оценувајќи дека Обединетото Кралство имаше круцијална улога во развојот на Северна Македонија како европска демократија. „Особено ги цениме силните партнерски односи кои ги негуваме во рамки на НАТО... Читать дальше...

Цензурата ќе се казнува со затвор, но потребна е и дефиниција за цензура

SlobodnaEvropa.mk 

Со најновите измени на Кривичниот законик се воведува затворска казна за цензура врз новинар. Од ЗНМ бараат допрецизирање на конкретниот член за да нема злоупотреби. Според адвокатот Филип Медарски потребна е законска дефиниција за цензура за да не биде оставено исклучиво на толкување на судиите.

Медарски: Новинарите треба да бидат задоволни од измените во Кривичниот законик

SlobodnaEvropa.mk 

Адвокатот Филип Медарски вели дека најновите измени во Кривичниот законик во делот на воведување затворска казна за цензура врз новинар се добри затоа што ја гарантираат слободата на изразување на новинарите и преставуваат уште една гаранција на уставната забрана за цензура

Илинден, празник кој (не) обединува

SlobodnaEvropa.mk 

Секоја година одбележувањето на 2 август е проследно со повици за помирување од страна на власта. Додека опозицијата повикува на обединување, но против власта. И овогодинешната прослава се очекува да резултира со поделби меѓу граѓаните.

Стојчевска за нештата што се премолчуваат во збирката „Празно место“

SlobodnaEvropa.mk 

„Празно место“ е насловена шестата по ред поетска збирка на Снежана Стојчевска што како издание на „Современост“ се појави деновиве. Станува збор за „книга за загубата, за љубовта, за семејството, за секојдневието...и за радоста од обичните средби со луѓето“.

Амнести интернешенел: строгите правила на Талибанците ги „задушуваат“ жените

SlobodnaEvropa.mk 

Животите на авганистанските жени и девојчиња се уништени со „строги правила што ги задушуваат“ откако Талибанците ја презедоа власта пред речиси една година, оценува меѓународната организација за човекови права Амнести интернешенел во извештајот објавен денеска. По заземањето на главниот град Кабул во август 2021 година и соборувањето на владата поддржана од меѓународно ниво, талибанците најавија дека ќе бидат полиберални отколку кога беа на власт во 1990-тите. Најпрво ветија дека ќе дозволат жените да продолжат да работат... Читать дальше...

Заглавена на Балканот, една микродржава се бори за признавање

SlobodnaEvropa.mk 

Чехот кој стои зад тврдењето за суверена зона без даноци - Слободна Република Либерланд - ги одржува живи своите скромни напори за лобирање во Соединетите држави, барајќи признавање за малата територија сместена меѓу Србија и Хрватска. Ива Гајиќ и Енди Хејл

САД ќе и компензира за Бугарија за доцнењето со испораката на авионите Ф-16

SlobodnaEvropa.mk 

Бугарскиот министер за одбрана Драгомир Заков пред собраниската комисија за одбрана ги претстави деталите за понудата за вторите осум авиони Ф-16 Блок 70 и постигнатите договори за компензација од страна на САД за доцнењето на првиот договор за авионите Ф-16, јави БНР. Планирани се повеќе од 25 милиони долари дополнителна помош за Бугарија, кои ќе бидат искористени за покривање на износот на еден од трите нацрт-договори за вторите осум авиони, изјави Заков, додавајќи дека сумата според овој договор е 24 милиони долари... Читать дальше...

Еден работник неделно гине на работното место

SlobodnaEvropa.mk 

Работното место многу повеќе наликува на минско поле, отколку на работно место каде што човек би требало да заработи чесно, да напредува, да се афирмира. Предничи земјоделството како број еден убиец во Македонија, на второ место е градежништвото, потоа тешката индустрија, вели Милан Петковски од Здружението за заштита при работа.

Пет седници на Собранието и заседание на Законодавно-правната комисија

SlobodnaEvropa.mk 

Собранието денеска ќе одржи пет седници, 82-та, како и продолженија на 50-та, 57-та, 71-та и 79-та. На 82-та седница на дневен ред се предлог-законите за ратификација на Протоколот кон Северноатлантскиот договор во врска со пристапувањето на Финска и Шведска во НАТО. Меѓу точките на дневен ред се и предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за судска служба, на Законот за јавнообвинителска служба, како и на Законот за извршување на санкциите. На 50-та седница, треба да се разгледаат... Читать дальше...

Парламентот на БиХ бара Шмит да се изјасни за изборното законодавство

SlobodnaEvropa.mk 

Претставничкиот дом на Парламентот на Федерацијата БиХ го покани високиот меѓународен претставник во БиХ Кристијан Шмит да присуствува на седницата на овој дом или писмено да се изјасни за плановите за наметнување измени на Изборниот закон и одредени уставни измени во тој ентитет. Поканата до Шмит да се обрати пред Претставничкиот дом на Парламентот на Федерацијата БиХ е на барање на пратеничката група на Партијата за демократска акција (СДА). „Има многу прашања кои ја збунуваат јавноста, како најавата... Читать дальше...

Во силен земјотрес на Филипините две лица загинаа, десетици се повредени

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку две лица загинаа, а десетици се повредени денеска во силниот земјотрес на северот на Филипините, каде што земјотресот предизвика мали лизгања на земјиштето и оштети згради. Земјотресот со сила од седум степени според Рихтеровата скала ја погоди провинцијата Абра во планинската област, соопшти Институтот за вулканологија и сеизмологија. Едно лице почина во својата куќа во Абра, каде што најмалку 25 лица се повредени и се пренесени во болница. Градежен работник загина во урнатините во планинскиот град Ла Тринидад во провинцијата Бенге... Читать дальше...





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *