Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Июль
2022

Новости за 30.07.2022

Осум дена притвор за Габриел Бајрам, тепал шанкер во кафеана

SlobodnaEvropa.mk 

Габриел Бајрам, син на поранешниот пратеник Амди Бајрам, доби осум дена притвор, објавија дел од домашните медиуми. Скопското обвинителство поведе постапка против 41-годишниот Бајрам и неговиот 21-годишен син за кривично дело насилство. Обвинителството не го објави идентитетот на осомничените, а МВР објави само иницијали. Девет обвинети за учество во толпа, двајца за фрлање молотов коктел и еден за пукање со пиштол на протестите „Двајцата осомничени, на 28 јули, во угостителски објект на булеварот „Словенија“ во Скопје... Читать дальше...

Мицкоски подготвен на средба со власта за референдумското прашање

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изрази подготвеност да се сретне и со претставници на Владата во врска со референдумското прашање, а можност за тоа е нова лидерска средба во Клубот на пратеници за да разговараат и да го утврдат референдумското прашање. Опозициската партија најави дека ќе собира 150.000 потписи за референдум за тоа дали граѓаните сакаат да одат во ЕУ под вакви услови, во контекст на потпишаниот протокол со Бугарија. Од СДСМ реагираат дека Мицкоски е против членството... Читать дальше...

По речиси две децении македонска делегација ќе оди на 2 Август во „Св. Прохор Пчински“

SlobodnaEvropa.mk 

По осумнаесет години македонска делегација на 2 август ќе присуствува на одбележувањето на Денот на Републиката во манастирот „Св. Прохор Пчински“, каде е одржано првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ), на 2 август 1944 година. Државно-црковната делегација ќе ја предводи претседателот на државата Стево Пендаровски. Досега Српската православна црква не дозволуваше официјална државна делегација на Македонија да го посети манастирот „Прохор Пчињски“ по повод Илинден. Читать дальше...

Најмалку 19 загинати во поплавите во САД

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку 19 лица загинаа во поплавите во Апалачија, на истокот на Кентаки во САД. Тоа е најголемата природна катастрофа во областа во изминатите три децении. Гувернерот на Кентаки Енги Бешар изјави дека очекува бројот на настрадани да се зголеми и дека се поплавени повеќе стотици домови и фирми. Како климатските промени предизвикуваат топлотни бранови во Европа Американскиот претседател Џо Бајден ги оцени поплавите како „огромна катастрофа“ и нареди федерална помош за локалните спасувачи. Читать дальше...

Курти до косовските Срби во врска со регистарските таблички - Имајте доверба и волја

SlobodnaEvropa.mk 

Косовскиот премиер Албин Курти побара денеска од сограѓаните од српска националност да имаат „доверба и волја“ на ден пред завршувањето на рокот за промена на нивните српски регистарски таблички со косовски и пред да стапи во сила одлуката за реципроцитет кон Србија за личните документи, јави дописникот на МИА од Приштина. Во пораката на српски јазик преку неговата страница на Фејсбук, Курти вели дека дејствијата кои ќе стапат во сила на 1 август не треба да се сфатат поинаку „освен како одговор... Читать дальше...

Селаковиќ – Приштина им спрема пекол на Србите, Вучиќ на средба со Србите од Косово

SlobodnaEvropa.mk 

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска ќе се сретне со претставници на Србите од Косово, зашто Приштина им спрема „пекол“ во наредните денови, соопшти денеска функционерот на владејачката Српската напредна странка (СНС) Никола Селаковиќ. Лајчак: Без договор меѓу Белград и Приштина за регистарските таблички „Ситуацијата е исклучително тешка и комплицирана со оглед на меѓународните и регионални околности. Вучиќ секогаш успеваше да најде пат во таквите случаи“, рече Селаковиќ по седницата на Претседателството на СНС... Читать дальше...

Прв случај на смрт од мајмунски сипаници во Европа

SlobodnaEvropa.mk 

Шпанија во петокот го пријави својот прв смртен случај поврзан со мајмунски сипаници, соопшти Министерството за здравство на Шпанија. Ова е прв познат смртен случај во Европа од мајмунски сипаници за време на сегашната епидемија, со што надвор од Африка се пријавени два случи. Првиот смртен случај надвор од Африка беше пријавен претходно во петокот во Бразил. Сали: нема регистрирано случај на мајмунски сипаници Досега СЗО пријави пет смртни случаи во Африка. Во Шпанија моментално има 4.298... Читать дальше...

Просечната старост на автомобил во Македонија е скоро 20 години

SlobodnaEvropa.mk 

Во Македонија има 477 илјади автомобили со просечна старост од 19,3 години. Околу 57 проценти од нив возат на дизел, а само 0,03 се електрични. И додека улиците и тротоарите навидум се преполни од возила, сепак сме под просекот од Европа, каде еден автомобил е на двајца жители, додека кај нас еден на четворица. И додека бројот на автомобили во земјава е во постојан раст, една третина од домаќинствата во земјава во 2020 година не поседувале автомобил, каде според Статистичкиот годишник објавен од Државниот завод за статистика... Читать дальше...

Сончево и топло денеска, пороен дожд попладне

SlobodnaEvropa.mk 

Времето денеска во земјава ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Доцна попладне и во вечерните часови во северните и источните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со силен ветер и електрични празнења. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната од 32 до 38 степени. УВ индексот ќе изнесува 9. Во Аеродром се расчистуваат штетите од невремето Во Скопје сончево и топло. Читать дальше...





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *