Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Июль
2022

Новости за 22.07.2022

Одложен Самитот на муџахедините во Албанија, по предупредувањето на САД

SlobodnaEvropa.mk 

Одложен е Светскиот самит на Слободен Иран, што требаше да се одржи следните два дена во Албанија, во кампот на муџахедините во близина на Драч. Самитот е одложен по предупредувањата на Амбасадата на САД дека постојат сознанија за потенцијална закана насочена кон настанот и учесниците. „Самитот се одлага до следно известување во согласност со препораките на албанската Влада, поради безбедносни причини и поради терористички закани, се наведува во соопштението од кампот во близина на Драч. САД... Читать дальше...

Ревизорите открија одлив на пари од јавното во приватното здравство

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку 18,6 милиони евра за две години си платиле граѓаните во приватното здравство за ковид тестови, покажува пресметката на државниот завод за ревизија која за основна цена ја зема најниската платена од 1400 денари по тест. Но цените за ПСР тестови во приватните клиники и болници од почетокот на пандемијата изнесуваат и до 5 илјади денари. Ревизорите утврдиле дека Фондот за здравство потфрлил во обезбедување на здравствени услуги кон граѓаните на товар на Фондот. Причина за тоа се необезбедените... Читать дальше...

Бериша го обвинува Рама за ставањето на неговото име на британската „црна листа“

SlobodnaEvropa.mk 

Поранешниот албански претседател и експремиер, Сали Бериша, денеска потврди дека неговото име е на списокот на лица санкционирани од британската влада. Тој изјави дека добил писмо од британскиот министер за внатрешни работи, кој му забранува влез во Британија. Според него во образложението стои дека тој имал јасни врски со организирани криминални групи и криминалци, кои претставуваат ризик за јавната безбедност во Албанија и Обединетото кралство и дека бил подготвен да ги користи овие врски за да ги унапреди политичките амбиции. Читать дальше...

Просечната плата достигна 31.407 денари

SlobodnaEvropa.mk 

Просечната месечна нето-плата во мај 2022 година по вработен изнесува 31.407 денари, што е за 2.686 денари повеќе во однос на истиот месец лани или за 9,4%, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика. Според денешните објавени статистички податоци ова зголемување се должи пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите -угостителство 19.7 %, потоа уметност, забава и рекреација со раст од 16.1 %  и во преработувачка индустрија 14.3 %. ... Читать дальше...

Џафери- Пратениците да ги откажат сите патувања во јули

SlobodnaEvropa.mk 

Вкупно 85 пратеници се запишале како присутни, но во собраниската сала влегле само 58 од запишаните. Поради ова претседателот на Собранието,Талат Џафери, денеска ја прекина денешната собраниска седница и ги повика на итна средба лидерите на владејачките политички партии застапени во Собранието, откако не можеше да се обезбеди кворум за работа. Во соопштението од неговиот кабинет е посочено дека Џафери им наложил на пратениците да ги откажат сите службени и приватни патувања на пратениците, кои не се неопходни... Читать дальше...

Приведен скопјанец за оштетување на 18 паркирани возила во гаражата кај Буњаковец

SlobodnaEvropa.mk 

Вкупно 18 автомобили паркирани во скопската катна гаража во близина на трговскиот центар Буњаковец се оштетени и приведен е осомничениот сторител на делото. Од полицијата велат дека постапувајќи по пријави од граѓани утрово во 07.40 часот , го привеле осомничениот 48 годишен скопјанец кој сега се наоѓа во полициска станица на информативен разговор. „За случајот е известен Јавен обвинител по чии насоки делото е класифицирано по чл.243 од Кривичниот законик и се гони по приватна тужба, а од страна... Читать дальше...

Нови 779 случаи на ковид, починати се 4 лица

SlobodnaEvropa.mk 

Нови 779 случаи на ковид-19 се регистрирани во изминативе 24 часа од вкупно направени 1 613 тестови.  Од вкупниот број на позитивни, 173 се реинфекции. Регистрирани сe 477 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа пријавени се 4 починати лица: 2 починати лица од Прилеп (80г и 89г) и по едно починато лице од Скопје (68г) и Велес (83г). Сите лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин нема регистрирани починати лица. Читать дальше...

Дрва за огрев по солени цени, пелети „ни за лек“

SlobodnaEvropa.mk 

Побарувачка за огревно дрво и пелети има, ама цените растат и граѓаните се загрижени, како ќе се греат оваа зима. Увозниците на пелети велат дека нема од каде да увезат, додека огревното дрво го има, ама по „солени“ цени.



САД предупредуваат пред Самитот на муџахедините во Албанија

SlobodnaEvropa.mk 

Пред најавениот Светски самит на Слободен Иран, што ќе се одржи следните два дена во Албанија, амбасадата на САД објави соопштение во кое наведува дека постојат сознанија за потенцијална закана насочена кон настанот и учесниците. „Владата на САД има сознанија за потенцијална закана насочена кон Светскиот самит на Слободен Иран што ќе се одржи во близина на Драч, Албанија на 23-24 јули 2022 година“, се наведува во објавата на амбасадата во која ги повика своите граѓани да го избегнуваат овој настан. Читать дальше...

ССМ: продолжува генералниот штрајк

SlobodnaEvropa.mk 

Доколку Владата смета дека го започнала процесот за пристапни преговори со ЕУ, и укажуваме дека нејзините вработени и пред почетокот на процесот и по почетокот на процесот се еднакво сиромашни, примаат најниски плати во ЕУ и дека Владата не може да очекува дека вработените во управата кои треба да го сработат процесот, се мотивирани со просечна плата од 21.300 денари, а на 96 проценти од нив, платата да им е под просечната плата со која Владата толку се фали. Ова се наведува во денешното соопштение... Читать дальше...

Вучиќ: Ќе има големи кадровски промени во идната Влада на Србија

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска изјави дека ќе има големи кадровски промени во идната Влада на Србија, но оти за идниот владин состав ќе одлучува новиот премиер и дека своето мислење ќе го каже на состаноците на партиските органи. „Не мора да бидете во владата десет, 15 или 20 години само затоа што мислите дека треба. Мислам дека е потребна и нова енергија“, рече Вучиќ. Вучиќ почнува консултации за кандидат за нов премиер на Србија Вчера српските медиуми јавија дека актуелниот... Читать дальше...

Кој ќе пријавува, а кој ќе казнува говор на омраза?

SlobodnaEvropa.mk 

Билатералниот протокол е прилично апстрактен и говорот на омраза не секогаш треба да го врзуваме со Бугарија, вели министерот за правда Никола Тупанчески. Поранешниот обвинител Константин Кизов пак смета дека одредбите на Протоколот оставаат простор за слободно толкување на говорот на омраза

Ниту пари, ниту желба за енергетски ефикасни згради

SlobodnaEvropa.mk 

Државата со години не ја реализира својата законска обврска да ги реновира објектите и зградите кои се во нејзина сопственост, со што би се намалиле трошоците за електрична енергија преку изолација на нивните фасади. Експерти велат дека енергетска ефикансост значи минимална потрошувачка и нула загадување од објектите.

Со полициски хеликоптер се гасне пожарот во Беровско

SlobodnaEvropa.mk 

Еден полициски хеликоптер од изутрината интензивно го гасне пожарот во беровскиот регион, изјави директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов, наведувајќи дека хеликоптерот од воздух почнал да дејствува од 5 часот. „Во моментов на терен се и десет пожарникари на ТППЕ Берово и 30 припадници на Национални шуми од подружницата на Берово, изјави Ангелов кој посочи дека пристигнуваат и пожарникарски екипи од Виница, Радовиш, Кочани, Струмица, Тетово. Армиски хеликоптер се упати кон Берово... Читать дальше...

Трамп избрал да не одговори на насилството во Капитол

SlobodnaEvropa.mk 

Членовите на американскиот Конгрес кои ги истражуваат немирите и упадот во Капитол на 6 јануари минатата година изјавија дека тогашниот претседател Доналд Трамп намерно избрал да не реагира повеќе од три часа додека илјадници негови поддржувачи биле околу зградата на Конгресот, обидувајќи се да ја блокираат потврдата за изборната победа на Џо Бајден. „Претседателот Трамп седеше на трпезариската маса и го гледаше нападот на телевизија, додека соработниците, најблиските советници и членовите на семејството... Читать дальше...

Бајден „зафатен со работа“ во Белата куќа по позитивниот тест за ковид-19

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот претседател Џо Бајден вели дека „одлично се чувствувал“ откако бил позитивен на ковид-19 и им се заблагодари на своите поддржувачи за нивната загриженост. Бајден објави негова фотографија на бирото со тетратка пред него со зборовите „зафатен“. Белата куќа претходно соопшти дека тој доживува „многу благи симптоми“ и дека ќе продолжи да ги извршува сите свои должности додека е изолиран во Белата куќа. Во твитот на Бајден се вели дека тој ги повикал да им се извини на луѓето со кои требаше... Читать дальше...

ИК на ВМРО-ДПМНЕ ја прифати иницијативата за референдум

SlobodnaEvropa.mk 

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ја прифати инцијативата за референдум за спорот со Бугарија, која изминатите денови беше најавувана од претседателот на опозициската партија Христијан Мицкоски. Како што изјави вечерва генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски, иницијативата е прифатена едногласно и во целост, а партијата сега почнува процес на широка консултација со експертската и општествената јавност за природата, карактерот и формулацијата на референдумското изјаснување. Измени на Уставот, референдум или избори... Читать дальше...





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *