Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Июль
2022

Новости за 21.07.2022

Армиски хеликоптер се упати кон Берово, повик до месното население да помогне во гаснење на пожарот

SlobodnaEvropa.mk 

Со армиски хеликоптер кој тргна кон беровскиот регион ќе им се помага на пожарникарите и месното население во гасење на пожарот меѓу селата Митрашинци и Будинарци кој е надвор од контрола. Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов рече дека доколку има услови хеликоптерот ќе интервенира и ќе исфрли вода над опожарените површини. Веќе за утре најавено е дека доколку има потреба од воздух ќе се вклучат еден полициски, еден армиски хеликоптер, но и авион ЕР-трактор. Гори шума во делчевско и беровско... Читать дальше...

МНР појаснува - унилатералната изјава била доставена за да се осигура употребата на македонскиот јазик

SlobodnaEvropa.mk 

Од Министерството за надворешни работи преку соопштение појаснуваат дека главна цел на унилатералната изјава за македонскиот јазик, на првата Меѓувладина конференција за пристапувањето на земјава во Европската унија, била да се осигура употребата на чиста формулација за јазикот во документи на Советот на ЕУ, „без какви било објаснувања, додавки или фусноти“. Од МНР посочуваат дека изјавата во себе содржи релевантни делови од Уставот, Резолуцијата на Собранието од 29 јули 2021 година, и заклучоците... Читать дальше...

Гори шума во делчевско и беровско

SlobodnaEvropa.mk 

Гори мешана шума од бука и даб меѓу беровските села Митрашинци и Будинарци, но и сува трева и шума на планината Средна на местото Света Вода, меѓу делчевските села Разловци и Трботивиште. Командирот на ТППЕ-Берово, Сашко Руменковски вели дека пожарот во беровско се шири поради ветерот, а на терен се излезени пожарникарите, како и вработени од ЈП „Македонски шуми“. Треба ли да „изгориме“ за да им се купи опрема на пожарникарите? „Потребни се дополнителни сили за да се спречи брзо ширење на пожарот... Читать дальше...

Се отвораат пет ковид амбуланти во Скопје - нема нови мерки за заштита од вирусот

SlobodnaEvropa.mk 

Епидемиолошката состоба во државата е стабилна и засега нема дополнителни превентивни мерки, изјави портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ по денешниот состанок на нејзините членови. Новина е само тоа што во текот на наредната недела ќе почнат со работа пет КОВИД амбуланти на територијата на градот Скопје, во поликлиниките „Идадија“, „Горче Петров“, „Јане Сандански“, „Ченто“ и во Чаир. Бројките на ковид заразени растат, интересот за имунизација стагнира Како што појасни Мехмедовиќ... Читать дальше...

Скопското ОЈО поднесе обвинение против три лица за убиство на ракометарот Денис Тот

SlobodnaEvropa.mk 

Скопското Основното јавно обвинителство денеска поднело обвинение против три лица за кривично дело „убиство“ на ракометарот Денис Тот. Тие се товарат дека на 7 април пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје заеднички го лишиле од живот младиот хрватски ракометар. „По кратка расправија, сите тројца му нанеле повеќе удари и тешки телесни повреди од кои кај оштетениот најпрвин настанала коматозна состојба, а следниот ден починал, се наведува во соопштението. Се дознава дека немало лиценца откако... Читать дальше...

ЕСМ ќе основа нови трговски друштва за да ги грее Скопје и Битола

SlobodnaEvropa.mk 

Со цел поуспешно пребродување на кризата со топлинска енергија, Владата го задолжи АД ЕСМ ќе основа три трговски друштва за вршење поединечна енергетска дејност производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија за подрачјето на Град Скопје, чиј основач и единствен содружник ќе биде АД ЕСМ, информираат од Акционерското друштво. Ова се случува откако вчера владата го задолжи ЕСМ за основање на друштвата поради одземените лиценци на БЕГ за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија. Читать дальше...

Кремљ ги отфрли гласините за нарушено здравје на Путин

SlobodnaEvropa.mk 

Кремљ ги отфрли медиумските шпекулации дека здравствената состојба на претседателот Владимир Путин е нарушена, отфрлајќи ги гласините како „лажни“. Говорејќи на денешната прес конференција во Москва портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, рече дека 69-годишниот руски лидер е добро, додавајќи дека кашлањето за време на јавен настап еден ден претходно се должи на едноставната настинка што ја добил за време на патувањето во Иран претходно оваа недела предизвикана од интензивната внатрешна климатизација. Читать дальше...



Цвета „бизнисот“ со мигранти низ Македонија, загрижува корупцијата

SlobodnaEvropa.mk 

Во заеднички акции на армијата и полицијата неделно се откриваат по неколку стотици мигранти на “балканската рута“. Намален е бројот на случаи против трговците со луѓе, се наведува во Извештајот на Стејт Департментот со особена загриженост за корупцијата и соучешништво на службени лица.

Растот на каматите не го намали интересот за кредити

SlobodnaEvropa.mk 

Растат каматите на кредитите во банките, но истовремено расте и побарувачката на заеми од страна на домаќинствата и фирмите, иако постои и загриженот кај граѓаните. Поранешниот гувернер на Народната банка Љубе Трпевски зголемената побарувачка на заеми ја гледа како позитивен сигнал за можно смирување на кризната состојба

Унгарија ги намали ограничувањата на цената на енергијата за оние кои повеќе трошат

SlobodnaEvropa.mk 

Унгарската влада од следниот месец ги укинува децениските ограничувања на цените на гасот и електричната енергија за домаќинствата со поголема употреба - потег што ќе доведе до зголемувања на цените за дополнителна потрошувачка на енергија. Мерката објавена денеска со декрет, ќе и помогне на владата да ги затвори дупките во буџетот во услови на глобална експлозија на цената на енергијата. Ограничувањата на цените му помогнаа на десничарскиот премиер Виктор Орбан да обезбеди реизбор во 2014 година... Читать дальше...

Маричиќ: Процесот на пристапување кон ЕУ започна пред два дена

SlobodnaEvropa.mk 

Ги започнавме преговорите онака како што ветивме со заштитен македонски јазик и идентитет. Се е направено пред се заради нас, за нашите граѓани и за нашите деца да живеат подобро и да живеат како сите останати европски народи, изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на денешната прес конференција. Тој додаде дека веќе 45 насто од законодавството е усогласено со европското и дека постојано се зголемуваат капацитетите за превод на македонски јазик. Ковачевски: Подготвени сме за ЕУ... Читать дальше...

Владимир Илиевски, сликар: Идејата многу често не вреди речиси ништо пред самото дело

SlobodnaEvropa.mk 

„Не е ниту сон“ е насловена актуелната, 13-та по ред, самостојна изложба на Владимир Илиевски, што од 15 јули и до крајот на месецот, се одржува во Галеријата на МКЦ – Скопје. Во новата серија дела уметникот се бави со односот на соништата со реалноста

Измени на Уставот, референдум или избори, што е прво на политичкото мени?

SlobodnaEvropa.mk 

Опозицијата пред избор - референдум за Преговарачката рамка која е усогласена со Брисел и усвоена од власта или избори, што прво да побара. „Преспанско сценарио во Собранието“ за промените во Уставот или можен компромис, аналитичарите поделени.

Комисијата за заразни болести денеска ќе одржи состанок

SlobodnaEvropa.mk 

Комисијата за заразни болести најави дека денеска ќе одржи состанок на кој ќе се дискутира за моменталната епидемиолошка состојба во државата. „Комисијата за заразни болести ќе се состане утре во 12 часот и на состанокот ќе видиме за што ќе се разговара. Ќе се дискутира за епидемиолошката состојба, а препораките или заклучоци ќе бидат споделени веднаш по состанокот, изјави портпаролот на Комисијата Злате Мехмедовиќ. Комисијата за заразни болести на последната седница не донесе дополнителни рестриктивни мерки. Читать дальше...

Ковачевски: Подготвени сме за ЕУ, не чека напорна работа

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски вчера вечер на приемот што го организираше по повод почнувањето на процесот на отворање на преговорите со Европската Унија изјави дека земјата е подготвена за Унијата и најави напорна и посветена работа на реформите и усогласувањето со европските стандарди. „Подготвени сме за ЕУ. Сега треба да ја операционализираме таа подготвеност“, рече Ковачевски на приемот на кој присуствуваа државните и политичките лидери во земјава, пратеници, амбасадори на земјите-членки на ЕУ... Читать дальше...

Гасот повторно протекува низ Северен тек 1

SlobodnaEvropa.mk 

Податоците на операторот на гасоводот Северен тек 1 „Gascade“, изутрината покажуваат проток на гас од Русија за Германија. Станува збор за околу 30 милиони киловат часови. Во претходните денови нивото беше нула. Европа го очекува рестартирањето на гасоводот „Северен тек 1“ од Русија, откако годишното одржување, според најавите од Москва, треба да заврши денеска. Сепак европските влади се подготвуваат за можни дополнителни намалувања на снабдувањето. ЕУ предлага земјите да ја намалат побарувачката... Читать дальше...

Високи температури до недела, Владата со препораки

SlobodnaEvropa.mk 

Од денеска до недела територијата на Македонија ќе биде зафатена со високи температури од портокалова фаза. Согласно добиените информации од метео-алармот на Управата за хидрометеоролошки работи, Владата донесе препораки за ослободување од работни обврски на најранливите групи на население, бремените жени и хронично болните лица. Во градинките се препорачува да не се практикува физичка активност на отворено и да не се изнесуваат децата надвор од 11:00 до 17:00 часот. Препораките важат и за единиците на локалната самоуправа... Читать дальше...

Времето денеска: сончево и многу топло

SlobodnaEvropa.mk 

Сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува. Дневната температура ќе се движи од 29 до 40 степени. Во Скопје и околината слично време, со температура до 37 степени.





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *