Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Июль
2022

Нови 524 нови случаи на Ковид 19 за три дена, пријавени уште четири починати лица

0
Во последните три дена (од 08.07 до 10.07) направени се 1.869 тестови, а регистрирани се 524 нови случаи на Ковид -19, како и 463 оздравени пациенти, информираат од Министерството за здравство.



Притоа, од новите позитивни случаи во Скопје се 314, Битола – 35, Тетово – 23, Куманово – 20, Велес - 16, Прилеп, Кавадарци и Штип – по 15, Охрид – 14, Гостивар – 11, Струмица – 9, Неготино - 6, Кичево и Гевгелија – по 4, Струга, Валандово и Пробиштип – по 3, Куманово, Велес, Крива Паланка, Богданци и Кратово – по 2, Кочани, Ресен, Свети Николе и Дојран – по 1.



Од вкупниот број на позитивни (524), регистрирани се 29 реинфекции.



Нови бранови на инфекција со нови варијанти на сојот омикрон


Во текот на изминатите 3 дена (08-10.07.2022) не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин се регистрирани четри починати лица: 2 лица од Скопје (67г и 83г) и по едно лице од Охрид (80г) и Тетово (69г). Од нив две лица се починати во болнички, а две во домашни услови. Починатите се пријавени во период од 28.06.2022 до 07.07.2022.



Досега во земјата се направени вкупно 2.090.703 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 316.219, бројот на оздравени пациенти е 305.239, на починати е 9.335, а бројот на активни случаи изнесува 1.645. Поголемиот дел од активните случаи се од Скопје 925, по што следи Битола со 106 и Куманово со 87 активни случаи.














Музыкальные новости






















СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *