Собраниската седница по Информацијата за предлог-преговарачката рамка ќе биде дополнително закажана
Францускиот предлог стигна во Собрание
Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, кој присуствуваше на координацијата, информира дека ќе ги пренесе ставовите на опозицијата и информациите од оваа средба до Владата за потребата да се дополни Информацијата со материјалите кои што се јавно достапни и во неа се наведени како референца. На денешната редовна координација свикана од претседателот на Собранието, Џафери, присуствуваа и потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски, координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, на СДСМ, Јован Митревски, на ДУИ, Арбер Адеми и на Алијанса на Албанците, Илире Даути, како и претставниците на политичките партии БЕСА, Алтернатива и Левица. Инаку, за денеска во Собранието е закажана пленарна седница со една точка на дневен ред – Ребаланс на Буџетот, за која што расправата ќе трае до пет дена.
