Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Июль
2022

Во ОАЕ осуден адвокатот на Кашоги на 3 години затвор

0
Обединетите Арапски Емирати осудија американски државјанин и адвокат за граѓански права на три години затвор под обвинение за перење пари и затајување данок.



Адвокатот Асим Гафур, кој му беше адвокат на убиениот новинар Џамал Кашоги ќе биде депортиран. 



Саудискиот новинар Кашоги беше убиен  во 2018 година во конзулатот на кралството во Истанбул во операција која, според американското разузнавање, ја одобрил престолонаследникот на Саудиска Арабија Мохамед бин Салман.



Обединетите Арапски Емирати ја објавија затворската казна еден ден откако организацијата за човекови права „Демократија за арапскиот свет сега“, со седиште во Вашингтон алармираше за апсењето на Гафур од меѓународниот аеродром во Дубаи.



Бајден во посета на Блискиот Исток


Висок претставник на американската администрација вчера им изјави на новинарите дека САД знаат за апсењето на Гафур, но не можел да каже дали претседателот Џо Бајден ќе го покрене ова прашање во билатералните разговори со претседателот на ОАЕ на маргините на арапскиот самит во Саудиска Арабија. 



„Нема индикации дека тоа има некаква врска со прашањето за Кашоги“, додаде официјалниот претставник.














Музыкальные новости






















СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *