МВР: Приведен осомничен за палењето на автомобилот на пратеникот Ристески
Ковачки: Запален автомобилот на пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Ристески, СДСМ со осуда на овој чин
За случајот најпрвин на Фејсбук информираше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки кој вели дека станува збор за, како што наведе, „кукавички чин зад кој стојат платеници инспирирани од предавничкото раководство на СДСМ“. Владејачката СДСМ го осуди палењето на автомобилот на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески и го повика МВР да го расчистат случајот.
