Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Июль
2022

Маричиќ: Во септември почнува скринингот по кластери и поглавја

0
Вицепремиерот за европски прашања. Бојан Маричиќ изјави дека државата има 45 проценти усогласување со ЕУ во делот на законодавството. Според него, доколку се продолжи со таа динамика, темпото ќе биде побрзо од Србија и Црна Гора кои преговараат веќе десет години. Во однос на процесот на скрининг тој рече дека во септември почнува скринингот и по кластери и по поглавја.



„Најпрво во прва фаза ќе одиме со дополнување на оној објаснувачки скрининг, каде што Европската комисија нам ќе ни претстави што е тоа што треба да усогласиме до членството, а потоа и билатералниот кога ќе се вклучат земјите членки со свои наоди, со свои гледишта, и врз основа на тоа, тоа ќе трае едно 14-16 месеци, и во тој период ние ќе треба да ги изработиме и оние клучни документи“, изјави Маричиќ за Алсат тв.



Во Брисел се одржа првиот состанок за скрининг процесот


Тимови од земјава и од ЕУ вчера во Брисел одржаа прв состанок за таканаречениот скринг процес, односно испитувањто на усогласеноста на правото на ЕУ со состојбите на земјата кандидат, за да може таа да се подготви за Унијата. С.Македонија вчера официјално го започна скринингот по одржувањето на првата меѓувладина политичка конференција со ЕУ.














Музыкальные новости






















СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *