Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Июль
2022

ПЕИ ќе бара и Торбешите да влезат во преамбулата на Уставот

0
Партијата за Европска иднина ќе побара и Торбешите како етничка заедница да се внесат во преамбулата на Уставот на Република Северна Македонија. Оваа за Радио Слободна Европа го изјави претседателот на ПЕИ Фарук Фератоски. ,,Статутарна и главна програмска цел на Партијата за Европска Иднина е Торбешите да бидат дел од преамбулата на Уставот на РС Македонија. Веќе е подготвено официјално барање и чекаме да се отворат преговорите со политичките партии за отворање на уставот. Идната недела имаме договорена агенда за средби со претставниците на државните релевантни институции како и со одредени амбасади“, вели Фератоски, додавајќи дека со последниот попис од 2021 година бројот на Торбеши во државата изнесува 4.174 како резидентно население, но оти таа бројка била неколку пати поголема.




Што и да одлучи Бугарија - Македонија ќе заглави на патот кон ЕУ


,Убедени сме дека Торбешката етничка заедница ќе биде во Уставот заедно со другите етнички заедници за кои веќе е најавено дека ќе бидат дел од преамбулата на македонскиот устав“, вели претседателот на ПЕИ. Во ПЕИ велат дека право е и на Торбешите како и сите други заедници да бидат во уставната преамбула, бидејќи тие постојано имаат барано да бидат во Уставот. Во ПЕИ велат дека најголемиот број на Торбеши живеат во струшко, дебарскиот регион, реканскиот регион, тетовскиот, скопскиот и други региони во државата.














Музыкальные новости






















СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *