Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Июль
2022

Бајден излегува од изолација по негативниот тест на ковид

0
Американскиот претседател Џо Бајден е негативен на коронавирус и ќе излезе од изолацијата што ја започна откако се зарази со ковид-19 минатата недела, соопшти Белата куќа.


Лекарот на Бајден, доктор Кевин О'Конор, во меморандум објавен денеска соопшти дека претседателот на САД повеќе нема треска и дека речиси не покажува знаци на какви било симптоми поврзани со болеста.


Бајден ќе продолжи да носи маска во наредните десет дена кога ќе биде во присуство на луѓе, како мерка на претпазливост.


Според Белата куќа, Бајден имал благи симптоми на ковид по тестот направен на 21 јули.


Бајден кој има 79 години спаѓа во ризичната група. Тој е целосно вакциниран и веднаш откако му била дијагностицирана болеста земал Паксловид, антивирусен лек.


Тој беше во состојба да работи додека беше во изолација и учествуваше на состаноци преку видео врска.



Бајден „зафатен со работа“ во Белата куќа по позитивниот тест за ковид-19


Белата куќа не соопшти каде Бајден се заразил со вирусот. Тој неодамна се врати од патување во Израел и Саудиска Арабија и одржа јавни настани пред тоа патување во кои имаше блиски лични интеракции со голем број луѓе.














Музыкальные новости






















СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *