Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Июль
2022

Иран ги поздравува дипломатските напори за нуклеарниот договор

0
Иран ги поздравува дипломатските напори за решавање на нуклеарен спор со светските сили, изјави денеска министерот за надворешни работи на Иран, Хосеин Амирабдолахиан. Неговата изјава доаѓа еден ден откако шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел предложи нов нацрт-текст за заживување на нуклеарниот договор со Техеран од 2015 година.



Иранскиот министер вели дека „го поздравува продолжувањето на дипломатијата и преговорите“.



Амирабдолахиан, кој телефонски разговараше со Борел, додаде дека САД сега треба да покажат дека исто така сакаат договор.



Борел  претходно рече дека „сега е време за одлука“ доколку страните кои се ангажирани во долготрајните разговори во Виена сакаат да го спасат иранскиот нуклеарен договор.



Иран: камерите на МААЕ ќе останат исклучени додека не се постигне нов нуклеарен договор


Иран и шесте светски сили - САД, Франција, Германија, Велика Британија, Русија и Кина - се согласија во 2015 година за нуклеарниот договор, со кој Техеран драстично го ограничи збогатувањето ураниум во замена за укинување на економските санкции. Договорот почна да се распаѓа откако тогашниот претседател Доналд Трамп еднострано ги повлече Соединетите Држави од договорот во 2018 година.














Музыкальные новости






















СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *