Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Июль
2022

Делегацијата на ЕУ, американската и британската амбасада во БиХ ја поздравија одлуката на Шмит

0
Делегацијата на Европската унија во Босна и Херцеговина соопшти дека граѓаните заслужуваат непречено спроведување на изборите со поголем интегритет и транспарентност, како и брзо формирање на законодавната и извршната власт на сите нивоа по општите избори на 2 октомври. „ЕУ длабоко жали поради фактот што политичките партии не успеаја да се договорат за усвојување мерки кои ќе обезбедат интегритет и транспарентност на изборниот процес во БиХ. Како резултат на тоа, ја имаме одлуката на високиот претставник Кристијан Шмит“, соопшти делегацијата на ЕУ во БиХ по повод одлуката што вчера ја наложи високиот претставник. Делегацијата на ЕУ потсети дека „обемниот меѓународен надзор“ е суштински некомпатибилен со членството во ЕУ, кон што се залага Босна и Херцеговина.


Високиот претставник за БиХ наметна измени на Изборниот закон


„Европскиот совет неодамна јасно го изрази ставот дека ЕУ е подготвена да ја прифати БиХ како земја кандидат. Очекуваме релевантните домашни актери во БиХ да преземат лидерство и одговорност за реформите во согласност со 14-те клучни приоритети од Мислењето на Европската комисија за БиХ апликација за членство во ЕУ“, се додава во соопштението. Амбасадите на Британија и на САД во Сараево ја поздравија одлуката на високиот претставник Кристијан Шмит за измените на Изборниот закон на Босна и Херцеговина. Шмит вчера наметна технички измени во Изборниот закон на БиХ, со тоа што остави време партиските лидери од Федерацијата БиХ да се договорат за политички измени на овој закон, а доколку тоа не се случи, не е исклучена можноста за уште едно наметнување изборите правилата во БиХ.














Музыкальные новости






















СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *