Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Июль
2022

Спасовски: Два воздухоплови на МВР се на располагање за гаснење на пожари

0
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во одговор на пратеничко прашање изјави дека МВР има дополнително два воздухоплови кои може да бидат употребувани за гаснење пожари.



„Армијата има два воздухоплови кои се опремени со опрема за гаснење на пожари. Министерството за внатрешни работи до минатата година немаше таков капацитет, но сега преземавме мерки, извршена е набавка на опрема и извршена е обука на кадрите, и имаме два воздухоплови на рапсолагање за гаснењето на пожарите, кои и во овој момент се ставени на располагање“, рече Спасовски.



Како климатските промени предизвикуваат топлотни бранови во Европа


Во однос на авионите за гаснење пожари „Ер-трактори“, Спасовски информираше дека вториот авион до 5 август треба да се врати од ремонт, а првиот веќе е во функција и учествува во гаснењето на пожарите. Според него, треба да се воспостави еден систем на хиерархија и субординација и секој да си ги земе работите во свои раце за тоа што е задолжен.



„Подеднакво мора да се постапува врз основа на постојните законски решенија, а тоа е и Законот за управување со кризи и Законот за заштита и спасување, и ќе мора да се тргнува од најниско ниво. Тоа значи дека сите противпожарни бригади мора да бидат ставени во функција на локално ниво и тие се првиот одговор на било која катастрофа која ја има па и во делот на пожарите“, додаде Спасовски.



Тој порача и дека мора да се преземат радикални мерки за управување на системот со кризи.



„Овој модел кој го има С. Македонија не е најсоодветен, бидејќи има две независни агенции за управување со кризи. Клучно е да се воспостави систем. Подеднакво мора да се постапува согласно законите. Ќе мора да се тргнува од најниско ниво. Сите противпожарни бригади мора да бидат ставени на локално ниво“, рече Спасовски.














Музыкальные новости






















СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *