Лидерите на САД и Кина меѓусебно се предупредија за Тајван
Блинкен: Поддршката за руската инвазија ги комплицира односите на Кина со САД
Тензиите околу ова прашање се зголемија по гласините дека претседателката на Претставничкиот дом на САД Ненси Пелоси планира да го посети Тајван. Пелоси би била највисокиот американски функционер што го посетува Тајван откако републиканецот Њут Гингрич го посети островот во 1997 година. За време на телефонскиот разговор, Бајден и Си разговарале и за организирање можна средба лице в лице, рече висок американски функционер, опишувајќи го телефонскиот разговор како „директен“ и „искрен“. Кина го гледа Тајван како своја отцепена провинција, која мора да стане дел од земјата и не ја исклучи можноста за употреба на сила за да се постигне тоа. Вашингтон дипломатски не го признава Тајпеј, но САД му продаваат оружје на автономниот остров за да може да се брани. Аналитичарите веруваат дека и Бајден и Си сакаат да избегнат отворен конфликт, но ниту еден не направил обид да го смени спротивставениот дискурс.
