Сали: Од „Жан Митрев клиник“ добивме 560 досиеја за пациенти третирани со хемофилтрација
Освен оваа специјална стручна комисија која ќе треба да изготви заклучок за секој пациент поединечно, Сали ќе чека извештаи и од ДСЗИ, Лекарска Комора, МАЛМЕД и Комисијата за интрахоспитални инфекции.
„Ние добивме материјали од „Жан Митрев“, беа соработливи и ни ги доставија сите побарани материјали. Се работи за 560 пациенти кои биле третирани со хемофилтрација. Ќе ни треба време за анализа на тие 560 досиеја кои се обемни, затоа што имаме пациенти кои престојувале таму и по еден месец. Целиот тој третман треба да се анализира од експерти, лекари кои цел живот тоа го работат. Ќе го анализираат секој поединечен случај“, изјави денеска министерот Сали.
По објавата на документарниот филм кој ја следи и голготата на семејство од Велес кое изгубило близок член во клиниката, до редакцијата на ИРЛ стигнале стотици пријави и од други граѓани за вакви слични случаи.
