Скринингот на Северна Македонија со Европската Унија ќе започне во септември, a очекувањата на Владата се дека ќе трае 16 месеци. Евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир вели дека скринингот не е само бирократска задача и дека динамиката на преговорите ќе зависи од имплементацијата на реформите.