Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Январь
2023

Новости за 29.01.2023

Кина повторно издава визи за патници од Јапонија

SlobodnaEvropa.mk 

Кина денеска почнува повторно да издава визи за јапонските патници по тринеделната суспензија како протест поради построгите услови за влез на кинески туристи во Јапонија како дел од мерките против ширењето на коронавирус. Кинеските власти на 10 јануари соопштија дека престанале да им издаваат визи на патниците од Јапонија поради барањето на Токио кинеските туристи да мора да имаат негативен тест на коронавирус за влез во Јапонија. Барањето беше објавени кон крајот на декември во пресрет на Кинеската нова година. Читать дальше...

Приватните превозници утре ќе протестираат пред ЈСП во Автокоманда

SlobodnaEvropa.mk 

Протест пред седиштето на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП) за утре во 9 часот наутро најавија дел од приватните автобуски превозници, кои до неодамна беа дел од јавниот превоз во Скопје. Во автобускиот превоз, освен автобусите на ЈСП, беа вклучени и приватни превозници на Макекспрес и Слободна превоз. Град Скопје, кон крајот на минатата година, ги раскина договорите со приватните превозници. Тие протестираа и блокираат крстосници во Скопје, оти ЈСП и Град Скопје им должат пари. Откако... Читать дальше...

Турција ги предупреди граѓаните на можни дискриминаторски напади во Европа и САД

SlobodnaEvropa.mk 

Турција ги предупреди своите граѓани за можни дискриминаторски напади во Европа и САД по серијата исламофобични инциденти и откако Шведска, Норвешка и Данска издадоа предупредувања до своите граѓани да избегнуваат големи собири во Турција. „Граѓаните кои живеат или патуваат во Европа или САД треба да бидат внимателни и да избегнуваат области со големи демонстрации“, соопшти турското Министерство за надворешни работи. „Неодамнешните исламофобични и расистички дејствија против Турција, извршени од групи поврзани со терористички организации... Читать дальше...

Николоски – Бугарските барања немаат крај

SlobodnaEvropa.mk 

Новата декларација на Комисијата за надворешни работи на Бугарското собрание е најдобар доказ дека бугарските барања немаат крај, а клучниот проблем е што нашата Влада не ја почитува Декларацијата изгласана во македонскиот Парламент каде се исцртуваат македонските црвени линии, смета потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на денешната прес конференција. Собраниската Комисија за надворешни работи во Бугарското собрание усвоила Декларација со осуда за „актите на насилство врз Бугарите... Читать дальше...

Битиќи – Увоз на работници ако сакаме забрзан економски раст

SlobodnaEvropa.mk 

Дојдено е времето да ја отвориме дискусијата за потребата од увоз на работна сила, порача вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на гостувањето на регионалната телевизија Блумберг Адрија. Битиќи рече дека недостигот на работна сила се решава со доквалификација и преквалификација на одредена група невработени за да се прилагодат на потребите на пазарот, но оти дополнително ќе мора да се најде начин да се надополни одливот на работници. „На пазарот на труд има недостиг на работна сила... Читать дальше...

Во Македонија 150 жени годишно заболуваат од рак на грло на матката

SlobodnaEvropa.mk 

Во Македонија во просек секоја година 150 жени заболуваат од рак на грло на матката, а 20 жени ја губат битката со оваа болест, информираат од Министерството за здравство. Во светски рамки, пак, ракот на грлото на матката е четврт најчест канцер кај жените, со над 600 илјади нови случаи секоја година. Специјалната претставничка на СЗО за Северна Македонија и шефица на Канцеларијата на СЗО во Скопје, д-р Ане Јохансен, вели дека примарната причина за карцином на грлото на матката е хуманиот папилома вирус (ХПВ). Читать дальше...

Најмалку 51 загинати во две несреќи во Пакистан

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку 51 лице загинаа во две одделни сообраќајни несреќи во западен Пакистан во неделата, кога автобус падна од мост и одделно се преврте чамец во кој имало деца. Засега е потврдено дека 41 лице загинаа кога автобус падна од мост во југозападен Пакистан, а потоа се запали, изјави владин претставник на 29 јануари. Високиот функционер во областа Лазбела во провинцијата Балучистан, Хамза Анџум, рече дека тројца луѓе биле спасени, а се претпоставува дека автобусот превезувал 48 патници. Автобусот... Читать дальше...

Иран тврди дека со дронови е нападната воена фабрика во Исфахан

SlobodnaEvropa.mk 

Со беспилотни летала со бомби е нападната воена фабрика во централниот град Исфахан во Иран, во текот на ноќта, соопштија иранските власти рано во неделата. Според нив, предизвикана е одредена штета во фабриката во услови на зголемени регионални и меѓународни тензии што ја зафатија Исламската Република, јавува новинската агенција Асошиејтед прес. Иранското Министерство за одбрана не кажа на кого се сомнева дека стои зад нападот. Нападот со дронови на воената фабрика се случи, откако претходно... Читать дальше...

Временска прогноза - Променливо облачно и студено

SlobodnaEvropa.mk 

Времето денеска во земјава ќе биде променливо облачно и студено, во северните планински делови со провејување на слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој вдолж Повардарието ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 1, а максималната ќе достигне од 1 до 6 степени. Во Скопје променливо облачно со умерен до повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 5 степени. Од утре ќе преовладува студено и променливо облачно... Читать дальше...

Османи - На Русија и одговара да ги држи живи конфликтите на Балканот

SlobodnaEvropa.mk 

Руската Федерација е еден од факторите на кои од интерес им е да се одржат живи конфликтите во овој регион, со цел полесно да може да се манифестира влијание. Па така и последната ескалација меѓу Бугарија и Северна Македонија ќе биде добредојдена за многу трети фактори, коишто ќе видат шанса тука да се одржи еден перманентен конфликт, вели министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи за Радио Слободна Европа.

Османи – Да се фатиме со проблематична корупција, а не со користење службена кола за партиски цели

SlobodnaEvropa.mk 

Треба да се концентрираме на прашања од корупцијата кои што се проблематични, којшто црпат од ресурсите на државата, од граѓаните, а не да создаваме приказна за министер кој во тек на работно време бил на партиска конференција, а тој е политичар, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи.





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *