Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Январь
2023

Новости за 20.01.2023

СОНК против предлог законот за плати во јавниот сектор

SlobodnaEvropa.mk 

Нацрт законот за плати во јавниот сектор е дискриминирачки и противуставен, смета Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), од каде побараа повлекување на нацрт верзијата и средба со Министерот за информатичко општество и администрација. Претседателот на СОНК, Јаким Неделков  денеска на прес-конференција ги изнесе заклучоците на СОНК дека нацрт законот ги загрозува работничките права. „Утврдувањето на исплатата на дополнителната компонента на плата и надоместоци на плата ќе биде обезбедена... Читать дальше...

Вучиќ: Србија е подготвена на спроведување на европскиот план за нормализација на односите со Косово

SlobodnaEvropa.mk 

Србија е подготвена да го прифати концептот и да работи на спроведувањето на европскиот план за нормализација на односите меѓу Србија и Косово , изјавил српскиот претседател, Александар Вучиќ по средбата со европско-американскиот тим дипломати во Белград, пренесува балканскиот сервис на РСЕ.  По средбата со претставниците на Европската унија, САД, Франција, Германија и Италија, Вучиќ изјавил дека „за едно важно прашање“ од планот, покажал „секаква грижа и резерва“, но без да прецизира за што станува збор... Читать дальше...

Иранските власти бараат семејството да ги обвини медицинските лица за смртта на Махса Амини

SlobodnaEvropa.mk 

Адвокатот на семејството на младата Иранка Махса Амини тврди дека судските власти не го истражиле случајот адекватно и дека се обидуваат од семејството да извлечат изјава дека медицинскиот персонал е виновен за смртта на младата девојка, што предизвика жестоки протести во Иран. Во интервју за веб-страницата Фараз, Мохамад Салех Никбахт вели дека четири месеци по смртта на Амини, „истрагите се нецелосно спроведени и без присуство или учество на семејството како тужител“. Амини беше приведена... Читать дальше...

Шведска дозволи антитурски протест во Стокхолм

SlobodnaEvropa.mk 

Екстремно десничарски активист од Данска добил дозвола од полицијата да организира протест пред турската амбасада во главниот град на Шведска, Стокхолм, на 21 јануари. Тоа би можело да ги искомплицира напорите на Шведска да ја убеди Турција да го одобри членството во НАТО. Во исто време, и протурските и прокурдските групи планираат да одржат демонстрации во главниот град на Шведска, пренесува агенцијата АФП. Турција одбива да ги одобри кандидатурите на Шведска и Финска за членство во НАТО, барајќи... Читать дальше...

Еден загинат и еден исчезнат во поплавите во Србија

SlobodnaEvropa.mk 

Тело на маж е извлечено од надојдена река во југозападна Србија, а спасувачите трагаат по уште еден маж. Во Босна и Херцеговина пак пак, итните служби спасија бремена жена. Дождовите во југозападна Србија предизвикаа излевање на дел од помалите реки Обилни дождови и силни ветрови ги погодија Босна, Србија, Косово и Црна Гора на почетокот на неделата предизвикувајќи големи поплави. Метеролозите предупредуваат дека ќе траат до следната недела во поголемиот дел од регионот, пренесува балканскиот сервис на РСЕ.

Бугарија со владин авион ќе го пренесе секретарот на „Цар Борис Трети“ на лекување во Софија

SlobodnaEvropa.mk 

Бугарија со владин авион ќе го транспортира нападнатиот секретар на бугарското здружение „Цар Борис Трети“ во Охрид и ќе го лекува во болница во Софија. „Секретарот на културниот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, Христијан Пендиков, кој беше жртва на тепање, со воено-транспортен авион „Спартан“ денеска ќе биде пренесен на лекување во Софија“, соопшти Амбасадата на Бугарија во Македонија. Претепан охриѓанец, бугарски медиуми велат дека е тоа секретарот на клубот „Цар Борис“ За синоќешниот инцидент... Читать дальше...

Средба Таравари-Агелер: Интеграцијата во ЕУ е единствениот пат за развој, просперитет и стабилност

SlobodnaEvropa.mk 

Предложените мерки од страна на Алијансата на Албанците за владеење на правото и бескомпромисна борба против корупцијата, беа тема на разговор на денешната средба лидерот на партијата Арбен Таравари со амбасадорката на САД во земјава, Анџела Прајс Агелер. Таравари, како што информираат од партијата, на разговорите, на кои бил придружуван од пратеникот Халил Снопче, на амбасадорката и посакал успешно враќање во Скопје, со надеж дека оваа средба ќе биде почетна точка на блиска соработка со цел продлабочување... Читать дальше...

Се подготвува нов закон за учебници

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за образование и наука и Педагошката служба иницираат процес за изработка на нов Закон за учебници за основното и средното образование. Целта како што соопштија е подигнување на квалитетот на содржината на учебниците како и подобрување на процесот на откуп и одобрување на учебници во основното и средното образование, „Секој конструктивен предлог ќе биде предмет на дискусија од страна на посебна работна група формирана за оваа намена, по што откако ќе биде креирана нацрт верзија на новото законско решение... Читать дальше...



Санадер за три корупциски пресуди доби единствена затворска казна од 18,8 години

SlobodnaEvropa.mk 

Вонсудскиот совет на Жупанискиот суд во Загреб одлучи поранешниот премиер и претседател на ХДЗ Иво Санадер да мора да мине во затвор вкупно 18 години и осум месеци, објави Хина. Новинската агенција, како што пренесува МИА, од судот дознава дека одлуката за вкупната казна била донесена на крајот на декември, а деновиве била испратена до Санадер и неговите адвокати. Адвокатот на поранешниот хрватски премиер, Чедо Продановиќ, како апсолутно неоснована ја оцени одлуката на вонсудскиот совет, со кој... Читать дальше...

Двете различни пријави може да го спасат УСЈЕ од кривична за загадување

SlobodnaEvropa.mk 

Недоволна комуникација или намерно избегнување на институционална соработка во борбата против загадувањето? Град Скопје поднесе кривична пријава против Цементарница „Усје“, а Државниот инспекторат прекршочна. Но, законот не дозволува некој за иста работа два пати да добие казна.

Ќе се прават анализа и мерки за спас на Преспанско езеро, најави Ковачевски

SlobodnaEvropa.mk 

Во наредниот период ќе мора да се изработи анализа врз основа на која ќе може да се определат активности и мерки како да се спаси Преспанското Езеро исто како што во минатото беше направено и со Охридското Езеро, истакна премиерот Димитар Ковачевски, кој заедно со министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска е во посета на Преспанскиот регион. „ Државата ќе преземе се што е во нејзина надлежност и можности во однос на непогодата која што се случи на Езерото Прсепа. Преспанското езеро... Читать дальше...

Средба Турковиќ - Османи: Веруваме во Берлинскиот процес

SlobodnaEvropa.mk 

Ние веруваме во Берлинскиот процес, иницијатива која веќе дава резултати. Не гледаме зошто би постоела потреба сето тоа да се удвојува со уште нови иницијативи, оцени денеска во Скопје заменик претседавачот на Советот на министри и министерка за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Бисера Турковиќ, на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи, Бујар Османи прашана дали ќе се приклучат кон иницијативата „Отворен Балкан“ во која се со статус на набљудувачи. Турковиќ истакна... Читать дальше...

Министерот Османи го осуди нападот на секретарот на клубот „Цар Борис Трети“

SlobodnaEvropa.mk 

Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи, го осуди синоќешниот напад врз секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид и побара институциите да го расчистат случајот, а напаѓачите да одговараат. „Јас од вчера се занимавам со ова прашање и сум во комуникација со сите институции. Утринава имав можност да имам телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Република Бугарија. Сакам оваа можност да ја искористам остро да го осудам овој напад и да побарам институциите да... Читать дальше...

Улиците стануваат опасни по живот

SlobodnaEvropa.mk 

Стотици лица годишно се жртви во сообраќајни несреќи, што е далеку од европскиот просек. Најчеста причина за сообраќајките е пребрзо возење. Семејствата на жртвите реагираат на ниските казни за сторителите. Новите измени во кривичниот закон со построги казни се уште не се усвоени.

„02 Иницијатива“: Временските прилики главен фактор за квалитетот на воздухот

SlobodnaEvropa.mk 

Минатиот месец во Берово имало само еден ден со чист воздух, а Прилеп, Гостивар, Кичево, Тетово, Струмица, Гевгелија немале ниту еден ден воздух без ПМ2,5 честички, соопшти денеска „02 Иницијатива“. Оттаму појаснуваат дека направиле анализа со споредување на  податоците за присуството на ПМ10 и ПМ2,5 загадувачки честички од сите мерни станици за декември, компарирано низ минатите години. „Мерните места со најголем број на денови со чист воздух за ПМ 2,5 се Битола 1 (недостасуваат мерења за повеќе денови) и Миладиновци. Читать дальше...

Шоле: За договор Косово-Србија се потребни тежок избор и политичка храброст

SlobodnaEvropa.mk 

Во интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ), специјалниот советник на американскиот Стејт департмент, Дерек Шоле, изјави дека конечниот договор меѓу Косово и Србија ќе бара „тешки избори“ и „политичка храброст“.

Кина стана постара пред да стане побогата

SlobodnaEvropa.mk 

Укинувањето на политиката на Кина за едно дете не дава плод. Ако порано политиките на кинеските власти беа да се забави растот на населението, сега се обидуваат да ги охрабрат семејствата за второ, па дури и трето дете. Во меѓувреме Индија е на чекор да ја претрка Кина во број на жители

Претепан охриѓанец, бугарски медиуми велат дека е тоа секретарот на клубот „Цар Борис“

SlobodnaEvropa.mk 

СВР Охрид утрово соопшти дека синоќа, во угостителски објект на кеј „Македонија“ во Охрид, бил нападнат 21-годишниот охриѓанец Х.П.. Лицето, како што е наведено, било физички нападнато од С.К., С.К. и И.С., сите од Охрид, по што му била укажана лекарска помош во Општа болница Охрид. Дел од бугарските медиуми, како и бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, објавија дека се работи за Секретарот на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, Христијан Пендиков. „Тројца напаѓачи почнале... Читать дальше...

Шефицата на дипломатијата на БиХ во официјална посета на Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Заменик претседавачот на Советот на министри и министерка за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Бисера Турковиќ, денеска ќе престојува во работна посета на Македонија, при што ќе има средба со министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Како што соопшти македонското Министерство за надворешни рабори (МНР), се очекува двајцата министри да разговараат за теми поврзани со билатералните односи, европските интеграции на двете земји, претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ, како и за други... Читать дальше...

Екс-командант во војската на босанските Срби осуден за воено злосторство

SlobodnaEvropa.mk 

Поранешен командант во војската на босанските Срби е осуден на 15 години затвор за соучество во киднапирањето и убиството на 20 цивили кои беа симнати од воз, а подоцна мачени и убиени за време на војната во Босна од 1992 до 1995 година. Судот на Босна и Херцеговина на 19 јануари одлучи дека Бобан Инѓиќ учествувал во убиствата и го осуди, со што заврши судскиот процес што започна во 2015 година за воено злосторство извршено пред 30 години. Притворот му е продолжен по првостепената пресуда, која може да се обжали. Читать дальше...

Почина познатиот американски рокер Дејвид Крозби

SlobodnaEvropa.mk 

Познатиот американски рокер Дејвид Крозби почина на 81-годишна возраст, потврди негов претставник. Овој пејач и текстописец беше еден од основачите на два од најголемите бендови од 1960-тите - Бирдс и Крозби, Стилс и Неш. Тој постигна редок подвиг во кариерата - двапати беше примен во Куќата на славните на рокенролот. Неговата сопруга изјави за шоубиз веб-страницата Варајати дека тој починал „по долго боледување“, опкружен со членови на семејството.

Руската ФСБ отворила случај за шпионажа против државјанин на САД

SlobodnaEvropa.mk 

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) извести дека отворила случај за шпионажа против американски државјанин, но не го именуваше лицето, ниту пак прецизираше дали е во притвор. Во кусото соопштение, службата ФСБ извести дека Американецот е „осомничен за собирање разузнавачки информации за биолошки теми насочени против безбедноста на Русија“. Русија протера јапонски дипломат поради обвинение за шпионажа Американскиот Стејт департмент не коментираше, пренесува АП. Обвинението предвидува... Читать дальше...

Кина пријави голем скок на бројот на хоспитализирани поради Ковид-19

SlobodnaEvropa.mk 

Кина забележа најголем скок во бројот на хоспитализирани поради Ковид-19, со скок од 70 отсто, се вели во неделниот извештај на Светската здравствена организација (СЗО), објавен во четвртокот, 19 јануари. Скокот на инфекции е забележан во неделата до 15 јануари од почетокот на пандемијата, а бројот на хоспитализирани лица се искачи на 63.307, се вели во извештајот заснован на податоците обезбедени од Пекинг. По укинувањето на мерките, корона вирусот почна брзо да се шири низ Кина, која има популација од 1,4 милијарди... Читать дальше...

ЕУ до ТикТок: Или почитување на правилата или санкции

SlobodnaEvropa.mk 

Официјални претставници на Европската унија (ЕУ) ѝ се заканија на социјалната мрежа ТикТок со далекусежни санкции за дозволување ширење на штетна содржина. Европската комисија (ЕК) во четвртокот, 19 јануари, го предупреди извршниот директор на ТикТок дека компанијата мора веднаш да почне да се придржува до правилата на ЕУ или ќе се соочи со санкции. „Не е прифатливо дека зад навидум забавните и безопасни функции, корисниците можат да пристапат до штетна, а понекогаш дури и опасна по живот содржина за само неколку секунди“... Читать дальше...





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *