Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Январь
2023

Новости за 28.01.2023

„Гоце Делчев“ под стража

SlobodnaEvropa.mk 

ВМРО-ДПМНЕ најави херојска стража на гробот на Гоце Делчев на 4 февруари. Организаторите на групата на граѓани од Бугарија кои сакаат да дојдат на чествувањето, повикаа тоа да е мирно и Бугарите да не одговараат на провокации. Скопје и Софија в понеделник треба да ги договорат активностите за роденденот на Делчев.

Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ најави стража на гробот на Гоце Делчев на 4 февруари

SlobodnaEvropa.mk 

Херојска стража и целодневно присуство на гробот на Гоце Делчев на денот кога се одбележува неговиот роденден, 4 февруари, најави Централниот Комитет на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, „Гоце Делчев“. Денеска Комитетот заседавал, по што претседателот на ова тело, Александар Пандов ги повика сите граѓани, почитувачи на делото на Делчев, да изразат заедничка мирна и достоинствена почит кон великанот. Комитетот ги осудува „шовинизмот и негаторските политики кои доаѓаат од Бугарија и се дополнително... Читать дальше...

Борисов - Гледам обид за враќање на Северна Македонија под руско влијание

SlobodnaEvropa.mk 

Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов на денешната прес-конференција на неговата партија ГЕРБ изјави дека Бугарија ќе инсистира да се најдат виновниците за претепувањето на секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ од Охрид Христијан Пендиков и да бидат изведени пред суд и оцени дека ова „ги поткопува огромните напори што ги направивме Северна Македонија и Албанија да одат по патот на Европската унија“. Борисов рече дека Македонија не ги внела во Уставот работите важни за Бугарија и не ги заштитила Бугарите од агресија. Читать дальше...

Чесите бираат претседател

SlobodnaEvropa.mk 

Жителите на Чешка на 28 јануари гласаат на вториот ден од вториот круг од изборите за нов претседател на земјата. Гласањето треба да заврши околу 14 часот. Се предвидува историски рекордна излезност, бидејќи половина од регистрираните 8,25 милиони гласачи излегле на првиот ден од гласањето. Тие избираат меѓу поранешниот началник на Генералштабот, а потоа и шеф на Воениот комитет на НАТО, пензионираниот генерал Петар Павел и петтиот најбогат Чех и поранешен премиер Андреј Бабиш. Тие двајца се пласираа во вториот круг на гласање... Читать дальше...

Протести во САД по снимките од полицајци како тепаат Афроамериканец

SlobodnaEvropa.mk 

Полицијата во Мемфис, САД, објави снимка на која се гледа како петмина, сега веќе, поранешни полицајци клоцаат човек што го запреле за време на сообраќајна контрола, додека тој ја повикува мајка си. Снимките од надзорните служби се објавени на 27 јануари. Афроамериканецот Тир Николс бил сопрен од полицајците на 7 јануари 2023, поради несовесно возење. Три дена подоцна тој почина во болница од повредите што му биле нанесени кога полицијата го запрела. Но, на снимката објавена дваесет дена подоцна се гледа како полицајците го удираат со нозе... Читать дальше...

УСЈЕ за загадувањето ќе плати казна до 200 илјади евра

SlobodnaEvropa.mk 

Цементарница УСЈЕ за загадувањето на амбиенталниот воздух ќе плати казна од 180 илјади до 200 илјади евра. Колкава казна ќе плати ќе се знае на 7 февруари, кога ќе се спроведе спогодување за висината на цената. Освен тоа предвидена е и казна за управителот од 10.000 евра. Казната УСЈЕ ќе ја плати согласно прекршочната пријава на Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС). Компанијата по интервенцијата на ДИЖС веднаш премина на греење од мазут на гас. Од Инспекторатот велат дека во ваквите... Читать дальше...

Израелската полиција приведе 42 лица за смртоносниот напад пред синагога

SlobodnaEvropa.mk 

Израелската полиција приведе 42 лица на сослушување по нападот пред синагога во Источен Ерусалим, во кој загинаа седум лица на Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот. Приведените се роднини и соседи на починатиот 21-годишен напаѓач , соопшти полицијата во саботата. Неколку други беа повредени кога мажот отвори оган кон луѓето што ја напуштаа синагогата во израелската населба Неве Јаков во петокот вечерта. Полицајците го убиле напаѓачот на местото на настанот додека безбедносните сили опколиле областа. Читать дальше...

На поштарот му треба цел месец за неколку километри низ Скопје

SlobodnaEvropa.mk 

Граѓани се жалат на проблеми при достава на пратки од Македонската пошта. Искуството на РСЕ го потврди проблемот, додека чекаме да стигнат новогодишните честитки, пошта ги поскапе дел од услугите.

Временска прогноза – Студено, на места со слаб снег

SlobodnaEvropa.mk 

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено, на места со провејување на слаб снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, соопштува Управата за хидрометеоролошки услуги. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 0 до 7 степени. Во Скопје променливо облачно со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Температурата ќе достигне до 4 степени. Ќе се задржи студено време, со утрински температури кои насекаде ќе бидат под нула... Читать дальше...





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *