Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Январь
2023

Израелски екстремно десничарски министер посети оспорувано свето место во Ерусалим

0
Израелски екстремно десничарски министер посети оспорувано свето место во Ерусалим

Израелскиот екстремно десничарски министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир денеска го посети комплексот во кој се наоѓа џамијата Ал Акса во Ерусалим, потег што Палестинците го осудија како провокативен и покрај предупредувањата дека може да доведе до насилство. Веб-страницата за вести Ynet објави слики од Бен-Гвир како ја обиколува локацијата под силно обезбедување. Комплексот е третото најсвето место на исламот по Мека и Медина и најсветото на јудаизмот, остаток од два антички храма на верата. Лидерот на израелската опозиција и поранешен премиер Јаир Лапид предупреди дека таквата посета на Бен-Гвир ќе предизвика насилство. На местото е дозволено само муслиманско богослужение.

Израелскиот парламент и изгласа доверба на новата влада на Бенјамин Нетанјаху

Палестинското Министерство за надворешни работи соопшти дека „најостро го осудува упадот во џамијата Ал Акса од страна на екстремистичкиот министер Бен-Гвир и го смета за провокација без преседан и опасна ескалација на конфликтот“. Бен-Гвир положи заклетва минатата недела како дел од новата влада предводена од Бенјамин Нетанјаху, која вклучува екстремно десничарски и верски партии. Претходно во вторникот, израелски војници застрелаа и убија палестински тинејџер за време на судирот на окупираниот Западен Брег, изјавија палестински здравствени власти и очевидци. Засега нема коментар за инцидентот од израелската армија.











СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *