Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Январь
2023

Европарламентот иницира укинување на имунитетот на двајца пратеници во врска со корупција

0
Европарламентот иницира укинување на имунитетот на двајца пратеници во врска со корупција

Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола започна итна постапка за одземање на пратеничкиот имунитет на двајца европратеници, на барање на белгиските правосудни органи поради истрагата за голем корупциски скандал кој ја тресе политиката на Европската унија.Како што соопшти Европскиот парламент, претседателката Мецола побарала од сите служби и комисии да и дадат приоритет на оваа процедура, со цел таа да се заврши до 13 февруари. Прес-службата на Европскиот парламент не ги идентификува двајцата европратеници, но според двете лица кои се упатени во случајот и немаат дозвола јавно да зборуваат поради истрагата која е во тек, станува збор за Андреа Коцолино од Италија и Марк Тарабела од Белгија.

Катарски дипломат ја осуди истрагата за корупција во Европскиот парламент

И двајцата се членови на групата социјалисти и демократи во Европскиот парламент. Трабела, чија куќа беше претресена од полицијата во минатиот месец, тврди дека не направил ништо незаконско. Третата пратеничка во Европскиот парламент, Ева Каили од Грција, веќе е обвинета во врска со скандалот, во кој наводно се вмешани функционери на Катар и Мароко, осомничени за тргување со влијание врз економските и политичките одлуки - со давање подароци и пари Каили беше обвинета за корупција, членство во криминална организација и перење пари. Таа е во притвор од 9 декември, а во затвор е и нејзиниот партнер Франческо Џорџи, советник во Европскиот парламент.











СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *