Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Январь
2023

Магла на повеќе патни правци до државата

0
Магла на повеќе патни правци до државата

Сообраќајот на патишта се одвива по наместа влажни коловози, а поради магла намалена видливост има на повеќе патни правци. Магла има на патиштата Битола – Прилеп, Охрид – Струга, Скопје – Куманово, Скопје – Велес, Велес – Катланово, Кочани – Штип каде видливоста е од 50 до 100 метри, а на Тетово – Групчин до 50 метри. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Маглата го отежна авионскиот сообраќај, намалена видливост на повеќе патни правци

На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.











СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *