Грипот и сезонските настинки му го зедоа приматот на ковидот
Пандемијата со Ковид 19 не е завршена, но лекарите велат дека грипот и другите вирози се во фокусот, а ковидот останува како придружна инфекција. Загадениот воздух го засилува ширењето на респираторните вируси. Во Европа се размислува за нови мерки за патниците од Кина, поради нов бран инфекции.