Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Январь
2023

Маглата го отежнува авиосообраќајот, откажани неколку летови на Скопскиот аеродром

0
Маглата го отежнува авиосообраќајот, откажани неколку летови на Скопскиот аеродром

Маглата во Скопје го отежнува одвивањето на авиосообраќајот, а намалената видливост на Скопскиот аеродром биле откажани десет лета, додека синоќа три лета биле пренасочени од 20 часот до изутрина до девет часот, соопшти аеродромскиот оператор ТАВ Македонија.

Од 9 часот наваму нема откажани летови, додаваат од ТАВ. 

„Во моментов не очекуваме нарушувања, но видливоста е променлива и зависи од временските неприлики во кои се наоѓа скопската котлина веќе неколку дена, се вели во соопштението од ТАВ Македонија.

Операторот ги упатува патниците да следат веб-страница во делот летови (Заминувања/Пристигнувања), каде што евентуалните промени во редовниот распоред на летови се ажурираат во реално време.   

Во однос на откажаните и пренасочени летови, аеродромскиот оператор укажува дека согласно правилата на авиопревозниците за вакви ситуации, тие им организираат превоз и хотелско сместување на патниците. 

За другите информации во врска стекнување на патничките права, од ТАВ ги упатуваат патниците да се обратат кај својата авиокомпанија, со чии услови и правила на користење се согласиле кога ги купиле авионските карти. 

„Доколку патниците имаат потреба дополнително да ги бараат своите патнички права, ги упатуваат да се обратат до Агенцијата за цивилно воздухопловство, на чија веб-страница се пропишани правилата и условите за нивно остварување.“











СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *