Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Январь
2023

Намалена видливост поради магла на повеќе патни правци во државата

0
Намалена видливост поради магла на повеќе патни правци во државата

Намалена видливост до 50 метри поради појава на магла утрово има на патните правци Битола – Прилеп, Охрид – Струга, Охрид – Ресен, Штип – Радовиш, Штип – Неготино и Тетово – Скопје, од 50 – 100 метри на патните правци Кочани – Виница, Скопје – Куманово и клучка Хиподром – обиколница Скопје, од 100 – 150 метри на патните правци Велес – Скопје, Скопје – Велес, Градско – Неготино и Македонски Брод – Кичево и до 100 метри на планинскиот превој Плетвар. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Маглата го отежна авионскиот сообраќај, намалена видливост на повеќе патни правци

На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.











СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *