Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Январь
2023

Поранешниот министер и советник на Заев, Ташкович и бизнисменот Гуштеров дел од добитниците на МКарта

0
Поранешниот министер и советник на Заев, Ташкович и бизнисменот Гуштеров дел од добитниците на МКарта

Покрај научниците, лекарите и уметниците кои се добитници на МКарта, на списокот од 69 македонски државјани кои живеат во дијаспора се најдоа и имињата на бизнисмени и поранешни функционери.

На списокот кој го добиле дел од медиумите, за успешен во дијаспората е наведен поранешниот министер за странски инвестиции во една од Владите на Никола Груевски, Глигор Ташкович. Тој подоцна како дел од кабинетот на поранешниот премиер Зоран Заев, беше избран за меѓународен член на Комитетот при Фондот за иновации и технолошки развој. Според сторија на Њујорк Тајмс од 2020 година Ташкович бил посочен како наводен соучесник во незаконска шема вредна 45 милиони долари за продажба на маските н-95 по многу поскапа цена во време на пандемијата со ковид-19.

На списокот на успешни Македоцни во дијаспоратае е наведен и бизнисменот Ристо Гуштеров кој во 2011 година се обиде да стане пратеник како дел од партијата Достоинство, и кој произлезе од компанијата Техно Метал Вардар, а своето богатство го стекнал во трговија со метали.

Во меѓувреме Комисијата за спречување на дискриминација најави дека  по празниците ќе ја разгледува одлуката на шефот на дипломатијата 69 македонски граѓани кои живеат и работат во странство да минуваат на брза лента на скопскиот аеродром.

Според власта списокот од 69 истакнати поединци кои ќе можат да користат брза лента на двата македонски аеродроми во Скопје и во Охрид е симболичен чин кон нив и нивните дела. Ова право е временски ограничено на четири години. На списокот се наведени оперскиот пејач Благој Нацоски, флејтистката Елена Стојческа, кошаркарскиот тренер Заре Марковски, д-р Иво Бошковски од клиниката во Рим, д-р Димитар Ефремов научник од областа на хематологијата и ендрокринологот Горан Петровски од Катар, новинарката Емица Ниами Налбантиќ од БиХ.

Дел од имињата на веќе беа објавени во јуни 2021 година на социјалната мрежа Фејсбук под хаштаг МКарта, кога во министерството за надворешни работи била организирана средба со првите добитници.

 

Министерот за надворешни работи Бујар Османи изјави дека МКарта им следува на, како што вели, истакнати личности или поединци од дијаспората кои дале посебен придонес за подобрување на односите на Македонија со државата во која престојуваат, на меѓународниот углед на државата или се признати професионалци во струката.

„Им дадовме карта за идентификација за да биде доказ дека се успешни луѓе од дијаспората. Проценив дека може да се направи нешто повеќе од почит кон нив отколку што тие привилегии им значат. Мислите дека им значи што 50 денари ќе платат во музеј во земјава. Ниту брзиот премин не им значи нив, тоа е само симболика“, изјави Османи.











СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *