Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Январь
2023

Руски и белоруски државјани обвинети за шпионажа во Полска

0
Руски и белоруски државјани обвинети за шпионажа во Полска

Полското Обвинителство покрена обвиненија против двајца мажи поради сомнеж дека шпионирале за руското воено разузнавање. Обвинети се еден државјанин на Белорусија и еден државјанин на Русија дека работеле за ГРУ руско воено разузнавање. 

Двајцата мажи, чии идентитети не беа откриени, се уапсени во април поради наводно собирање доверливи податоци поврзани со полската војска. Доколку судот им пресуди дека се виновни двајцата обвинети се соочуваат со можна казна затвор до 15 години. 

Според обвинението, двајцата приведени работеле прикриено во туристичкиот сектор. Тие собирале податоци за состојбата на полската армија: вклучувајќи ја нејзината борбена готовност, функционерите на одделните единици на границата и активностите во одбивањето на миграциската криза.











СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *