Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Январь
2023

Кина се обидува да го намали ризикот од ширење на ковид за време на празниците

0
Кина се обидува да го намали ризикот од ширење на ковид за време на празниците

Кина се обидува да ја минимизира можноста за ширење на коронавирусот за време на масовните патувања овој месец за Лунарната Нова Година, откако ги укина повеќето од ковид мерките.

Во петок, на 6 јануари, Министерството за транспорт ги повика патниците да ги намалат патувањата и собирите, особено ако се работи за стари лица, трудници, мали деца и граѓани кои се ризична група поради одредени болести.

Луѓето кои користат јавен превоз, исто така, се повикани да носат маски и да посветат посебно внимание на своето здравје и лична хигиена, изјави заменик министерот Ксу Ченггуанг, пренесува Асошиејтед прес (АП).

Ксу рече дека властите очекуваат повеќе од две милијарди патувања во текот на новогодишната недела, најважното време за посета на семејството и пријателите во традиционалниот кинески календар. Тоа е речиси двојно повеќе од минатата година и 70,3 отсто од истиот период во 2019 година пред пандемијата, рече Ксу.

„Ги охрабруваме луѓето да прават планови за патување врз основа на ситуацијата кај себе и кај нивните семејства“, рече тој.

Кина ненадејно го заврши својот строг режим на заклучување, карантини и масовни тестирања во декември поради загриженоста за економското влијание, но и поради протестите во земјата.

СЗО побара од Кина прецизни податоци за заразените од ковид

Во меѓувреме пак, се поголем број земји бараат тестови за ковид-19 за патниците од Кина, велејќи дека тие се потребни затоа што кинеската влада не споделува доволно информации за избувнувањето, особено за потенцијалната појава на нови варијанти.

Европската унија во средата ги охрабри своите земји-членки да наметнат тестирање ковид-19, иако тоа не го сторија сите. Светската здравствена организација, исто така, изрази загриженост за недостатокот на податоци од Кина, додека САД бараат негативен резултат од тестот за патниците од Кина во рок од 48 часа по поаѓањето.

Кина ги критикуваше тврдењата и предупреди дека може да воведе контрамерки против земјите што ги користат.











СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *