Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Январь
2023

Две лица се ранети кај Штрпце - напаѓачот е уапсен

0
Две лица се ранети кај Штрпце - напаѓачот е уапсен

Две лица се повредени во вооружен напад во селото Драјковце, општина Штрпце, населено со мнозинско српско население, соопшти косовската полиција.

Повредени се единаесетгодишно момче и 31-годишен маж, а уапсен е 33-годишен маж со иницијали А.К. Повредените се хоспитализирани и се надвор од животна опасност, соопштија од полицијата.

Курти бара посилен притисок врз Белград со цел да се постигне договор

Инцидентот се случил околу 15 часот и 20 минути кога биле испукани куршуми од автомобил кој се движел од Штрпце во правец на Урошевац. Според полицијата, автомобилот потоа се оддалечил од местото на настанот.

Осомничениот сега е префрлен во регионалната полициска станица во Урошевац, а полицијата соопшти дека бил пронајден и пиштолот од кој било пукано.

Косовскиот премиер Албин Курти го осуди нападот. На социјалните мрежи напиша дека осомничениот кој е уапсен ќе мора да се соочи со правосудните органи.

„Надлежните единици ќе ја продолжат истрагата се додека не се разјаснат сите околности на овој неприфатлив чин“, напиша Курти.

Тој посочи дека косовската полиција е целосно ангажирана во извршувањето на своите должности „со цел да ги заштити животите и имотот на сите“.











СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *