Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Январь
2023

СДСМ бара вонредна седница на Град Скопје за загадениот воздух -ВМРО-ДПМНЕ смета дека нема потреба

0
СДСМ бара вонредна седница на Град Скопје за загадениот воздух -ВМРО-ДПМНЕ смета дека нема потреба

Советничката група на СДСМ бара вонредна седница на Советот на Град Скопје за решавање на проблемот со загадениот воздух на која што велат дека ќе предложат

итно зголемување на бројот на автобуските линии и бесплатен јавен превоз, зголемување на средствата за борба против загадувањето, како и финансиска помош за училиштата за адаптирање на системот за затоплување на еколошки енергенси.

„Всушност, ова е резултатот од незаинтересираноста на Арсовска и ДПМНЕ за граѓаните на Скопје.Ова е резултатот од нивните кавги за тендери и провизии, а за реалните проблеми на граѓаните не направија ништо“, изјави Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на Град Скопје.

Скопје повторно меѓу најзагадените градови во светот - Во Битола и Струмица прекинат прагот на алармирање

Од ВМРО ДПМНЕ одговорија дека нема потреба од вонредна седница и обвинија за тјани средби помеѓу премиерот Ковачевски и градоначалничката Арсовска на која се договарат тендери наместо мерки.

„Сите мерки кои ги има Јанчева или некој советник од СДС може да му ги даде на Ковачевски, кој е во тајна коалиција со Арсовска, и заради која соработка ВМРО-ДПМНЕ ја повлече поддршката за градоначалничката“, се вели во реакцијата на опозициската партија.

Во меѓувреме Скопје и денеска се гуши во загаден воздух, а според страницата која го мери загадувањето во светот „IQAir“, главниот град е меѓу десетте најзагадени градови во светот.











СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *