Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Январь
2023

Почна протестот на Србите во Штрпце

0
Почна протестот на Србите во Штрпце

Неколку илјади луѓе се собраа денеска во Штрпце на Косово за да изразат незадоволство од ранувањето на двајца Срби, браќата Стефан и Милош Стојановиќ, едниот на 11, а другиот на 21-годишна возраст.

Во пукање во селото Драјковце во општина Штрпце, со мнозинско српско население, браќата беа ранети.

Настанот се случил на 6 јануари, кога било пукано од автомобил кој се движел од Штрпце кон Урошевац. Како што соопшти полицијата, автомобилот се оддалечил од местото на настанот. Осомничениот А.К. (33) потоа бил уапсен.

Протестот го најави Далибор Јевтиќ, градоначалник на општина Штрпце и потпретседател на Српската листа, најголемата партија на косовските Срби, која има поддршка од Белград.

На протестот, освен жители на Штрпце, дошле и Срби од останатите делови на Косово, но и од Србија.

Присуствуваат политичките лидери на косовските Срби.

Граѓаните носат транспаренти на кои пишува „Косовска Каменица е со браќата од Штрпце“, „Курти, нема да ти ги простиме децата“, „Стефане, срце српско јуначко“, „Пукањето во Стефан и Милош е пукање во срцето на Србија“, „Европо, за што се виновни нашите деца“...

На влезовите во Штрпце има повеќе патроли на косовската полиција и КФОР.

Осомничениот за пукањето бил дел од Косовските безбедносни сили. Обвинителството бара притвор.

Косовските власти и претставници на меѓународната заедница го осудија инцидентот.











СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *