Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Январь
2023

Албанските лидери од Македонија на средба со Рама во Тирана

0
Албанските лидери од Македонија на средба со Рама во Тирана

Дел од албанските партии во земјава потврдија дека ќе одат на средбата во Тирана која, како што објавија медиумите, ја организира албанскиот премиер Еди Рама.

Од „Алтернатива“, „Алијанса за Албанците“ и од „Беса“ за МИА изјавија дека добиле покана за средба и дека ќе одат, но не прецизираа детали. Од ДУИ за Телма потврдиле дека добиле покана и оти ќе присуствуваат.

„Се работи за празничен вечерен прием, коктел, а не за работен состанок со утврдена агенда. Да, поканети сме и ќе учествуваме“, потврдиле од ДУИ.

Агенцијата „Журнал“ јави дека Рама ги поканил лидерите на политичките партии на Албанците од земјава на неформална средба во вторник.

Поканети се лидерот на ДУИ Али Ахмети, на Алијансата за Албанците Арбен Таравари, на Движењето Беса, Билал Касами, на Алтернатива Африм Гаши и лидерот на ДПА, Мендух Тачи.











СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *