Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Январь
2023

Бабиш ослободен од обвиненијата за измама

0
Бабиш ослободен од обвиненијата за измама

Прашкиот суд денеска го ослободи поранешниот чешки премиер Андреј Бабиш од обвиненијата за измама во случајот од 2 милиони долари за субвенции од Европската унија. Обвинителот побара тригодишна условна казна и парична казна од 440.000 долари за милијардер. Бабиш се изјасни за невин и наведе дека обвиненијата против него се политички мотивирани. Бабиш беше доминантна сила во чешката политика во изминатата деценија, прво како моќен министер за финансии, а подоцна и како премиер, пред опозициските партии да го соборат на изборите во 2021 година и покрај тоа што неговата партија АНО освои најмногу места во парламентот.

Милијардерот и кандидат за претседател на Чешка Бабиш на суд за измама

Со неговата партија во опозиција сега, 68 годишниот Бабиш се обидува да ја добие претседателската функција и да го замени својот сојузник, Милош Земан, чиј втор мандат завршува во март. Бабиш, петтиот најбогат човек во земјата според листата на Форбс за 2021 година, е еден од фаворитите на изборите, чиј прв круг на гласање започнува на 13 и 14 јануари.











СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *