Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Январь
2023

Пратениците во Собранието ја почнуваат работата

0
Пратениците во Собранието ја почнуваат работата

Во македонското собрание денеска треба да се одржи редовната координација на претседателот на Собранието со координаторите на пратеничките групи од која треба да произлезат активностите за тековната недела. Најавени се и седници на две собраниски тела. Според веб страницата на Собранието, закажани се седници на Националниот совет за евроинтеграции и на Комисијата за одбрана и безбедност, додека утре се очекува да се одржи првата пленарна седница за оваа година. Членовите на Националниот совет за евроинтеграции ќе ја слушнат Програмата и приоритетите на Шведското претседателство со Советот на Европската Унија за период јануари-јуни 2023 година.

Годинава Собранието работело 88 дена, најмногу заостанати закони има Комисијата за образование

На седницата на Комисијата за одбрана и безбедност ќе се расправа за предлог - одлука за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Европската Унија „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина од мај до ноември 2023 година. Првата собраниска седница за годинава е планирана за 10 јануари. На предложениот дневен ред на 99. седница ставени се 15 точки, главно закони во прво и во второ читање. Во минатата година, Собранието одржа 39 нови седници, а заедно со продолженијата од претходно 50. На овие 39 седници имало 290 усвоени точки на дневниот ред, од кои 190 се разгледани, а 100 неразгледани.











СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *