Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Январь
2023

Претседателот на Бразил го осуди упадот на приврзаниците на Болсонаро во државните институции

0
Претседателот на Бразил го осуди упадот на приврзаниците на Болсонаро во државните институции

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва го осуди упадот во државните институции од страна на приврзаниците на поранешниот екстремно десничарски претседател Жаир Болсонаро, нарекувајќи ги „фашистички вандали“. Лула донесе одлука за „полициска интервенција“ во која се вклучени полициски сили од целата земја, не само од локалните, за да се врати контролата и безбедноста во главниот град. „Ќе ги најдеме сите и сите ќе бидат казнети“, рече Лула, кој пред една недела положи заклетва како претседател. Неколку стотици приврзаници на Болсонаро вчера упаднаа во главните владини институции во Бразил - Конгресот, Врховниот суд и претседателската палата.

Приврзаници на Болсонаро упаднаа во клучните институции во Бразил

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел го осуди упадот на поддржувач на екстремната десница во државните институции во Бразил. „Целосна поддршка за претседателот Лула да Силва, демократски избран од милиони Бразилци по фер и слободни избори“, напиша Мишел на Твитер. Претходно и САД и Франција ги осудија немирите на екстремната десница во Бразил. Белата куќа го осуди „обидот да се поткопа демократијата во Бразил“ и додаде дека американскиот претседател Џозеф Бајден внимателно ја следи ситуацијата и ги поддржува бразилските демократски институции. Францускиот претседател Емануел Макрон повика на почитување на демократските институции и ја истакна својата „непоколеблива поддршка“ за бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва.











СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *