Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Январь
2023

За една година трошоците за живот зголемени за над 14 отсто

0
За една година трошоците за живот зголемени за над 14 отсто

За една година трошоците за живот се зголемиле за 14,2 отсто, додека цените на мало пораснале за 12,6 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. 

Мало намалување на цените има споредено со минатиот месец декември, кога трошоците на животот биле повисоки за 0.2 проценти, а цените на мало се зголемиле за 0.7 отсто.

Во извештајот на ДЗС се вели дека движењето на индексот на трошоците на животот во 2022 година било различно кај одделни групи на потрошувачката. 

Пораст на индексите е забележан во групите: храна и безалкохолни пијалаци за 20.9 проценти, потоа транспорт за 19.5 отсто, ресторани и хотели за 15.5 проценти, домување, вода, електрика, гас и други горива за 13.3 проценти, како и разновидни стоки и услуги за 8.9 отсто. 

Во оваа група се мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата каде има зголемување за 8.6 отсто, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 7.5 проценти, рекреација и култура за 4.9 отсто, здравје за 4.0 проценти, облека и обувки за 1.8, комуникации за 0.4 и образование за 0.3 проценти.

Ангеловска-Бежоска: Догодина постепено забавување на инфлацијата

Во однос на движењето на индексот на цените на мало во 2022 година, пораст на индексите е забележан во сите групи: 

Во индустриско-прехранбените производи има зголемување за 20.1 проценти, земјоделски производи за 16.0 отсто, индустриско-непрехранбени производи и тутун за 14.2 проценти, пијалоци и Услуги за 8.3 проценти. 

Индексот на трошоците на животот во декември 2022 година, вo споредба со декември 2021 година, забележа пораст од 18.7 отсто, а индексот на цените на мало забележа пораст од 15.1 проценти.











СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *