Мы в Telegram
Добавить новость
smi24.net
World News in Macedonian
Январь
2023

Бразилските безбедносни сили уапсија 1.200 луѓе

0
Бразилските безбедносни сили уапсија 1.200 луѓе

Бразилските безбедносни сили уапсија околу 1.200 луѓе поради упадот на приврзаниците на поранешниот претседател Жаир Болсонаро во Конгресот, Врховниот суд и во претседателската палата во Бразилија, јавува Би-би-си.

Имено, приврзаниците на поранешниот лидер на земјата Жаир Болсонаро одбиваат да ја прифатат изборната победа на ривалот на Болсонаро, Игнасио Лула Да Силва.

Стотици војници и полицајци беа мобилизирани за да го разбијат импровизираниот камп пред седиштето на армијата во Бразилија каде околу 3.000 приврзаници на поранешниот претседател Болсонаро поставија шатори, како нивна протестна база.

Еден од судиите на Врховниот суд на Бразил наредил да им се распуштат камповите пред Генералштабот во Бразилија и на други места, а најмногу апсења имало во штабот на армијата.

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва вети дека ќе ги казни поддржувачите на поранешниот лидер на земјата Жаир Болсонаро.

Пристигнувајќи во градот, Лула ја посети зградата на Врховниот суд за да се увери колкава е штетата.











СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *